Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Момчињата најубаво гушкаат
Момчињата даваат најубави прегратки и бакнежи. Кога ќе ве прегрне синот, тоа е вистинска и чиста љубов. Нема никаков скриен мотив кој му се мота по главата. Момчињата сакаат едноставно и искрено. Не постои ништо поубаво и почисто од љубовта на момчето кон мајката.
Што се' ќе биде прекриено со урина?
Навистина, скоро се. Даската на WC школката, подот, крпата во купатилото 9која досега сигурно сте ја смениле веќе 156 пати), па дури и кадата. Некогаш успеваат да се измократ и на местата за кои се прашувате како успеале.
Секој предмет може да се претвори во пиштол
факт е дека момчињата обожаваат пиштоли. Но и кога не сакате да им купите, тие од било што можат да направат оружје. Дезодоранс, картон од тоалетна хартија, банана, па дури и од сопствениот прст. Сепак, не можете да се борите против нивната желба за игра со пиштоли. Момчињата така сакаат да си играат, но сепак би требало да разговарате со нив за вистинските пиштоли и за нивната опасност во реалниот живот. Но немојте да полудите ако шампонот за коса им стане пиштол. Тоа нив им е најголема забава.
Момчињата се физички поактивни
Од моментот кога ќе се родат, момчињата владеат со просторот во кој живеат. Скокаат по намештајот, еден по друг, се тепаат и клоцаат без причина. Момчињата кршат предмети, а експертите кажуваат дека ваквото однесување им помага да развијат однос со луѓето и да ја развијат сопствената интелегенција. Сепак, се би требало да има своја мера.
Момчињата не слушаат
Навистина момчињата не умеат да слушаат. Сепак, тоа не е по нивна вина. Истражувањата покажале дека момчињата имаат помалку осетлив слух од девојчињата. Девојчињата подобро разбираат на основа на интонација, додека момчињата не го умеат тоа. Затоа вашиот син може потполно да ја игнорира вашата наредба да ги собере играчките од подот. Можете да викате повторно и повторно и пак ништо. Но тоа е разбирливо, бидејќи се работи за момче.
Облеката не им значи ништо
Многу е полесно да се купува облека за момчиња отколку за девојчиња. Тие е водат многу грижа, додека се мали, што ќе облечат на себе. Од друга страна, некако ќе успеат да уништат што и да им купите. Буквално ќе ќе искинат, ќе извалкаат со трева, кал, храна, па дури и со работи со кои е невозможно да се извалкаш. Ќе морате да се помирите со тоа и да продолжите понатаму.
Момчињата сакаат безусловно
Ова е можеби најважната работа која секоја мајка ќе ја научи од својот син. Момчињата сакаат безусловно, со целото тело и душа. Девојчињата повеќе сакаат да наредуваат, да игнорираат, да се лутат и тврдоглаво да молчат. Момчињата се поцврсти кога е во прашање нивната љубов.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)