vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во денешно време не е лесно да се одржи имунитетот здрав и моќен. Нечистиот воздух, нездравата храна и стресот секако оставаат траги врз имунитетот. Како да си помогнете себеси?
Најпаметен е природниот начин – со храна. Стручњаците препорачуваат продукти кои докажано го јакнат имунитетот:
Спанаќ
Спанаќот отсекогаш важел да одличен продукт. Во него се сокрива вистинско витаминско богатство – од витамин А, Б2, Б6 до витамин Ц, К и Е. Исто така спанаќот изобилува со антиоксиданси, фитонутритиенти, протеини, омега-3 масни киселини и калциум. Со други зборови толку е здрав, што мора да се најде во некој оброк од неделното мени.

Ореви
Не треба да јадете голема количина на ореви секој ден за да осигурате моќен имунитет, доволна е само една рака на ден и резултатот ќе биде видлив. Оревите содржат многу витамини, омега-3 масни киселини и други нутритивни вредности, кои му обезбедуваат заштита на здравјето на срцето и мозокот. Некои истражувања покажаа дека оревите го забавуваат развојот на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Можете да го јадете меѓу оброците, за да ја задоволите вашата желба за грицкање.

Грашок
Грашакот е исто така здрав продукт кој изобилува со витамин Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е добро за здравјето на мозокот и кожата, а помага и во намалување на крвниот притисок. Исто така грашокот е добар и за превенција од мозочен удар.

Лосос
Лососот е неверојатно здрав продукт, а посебно се препорачува дивиот лосос кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е одличен извор на протеини, витамин Д и комплекс на витамин Б, но и омега-3 масни киселини. Научните докази упатуваат на тоа дека лососот штити од карцином, кардиоваскуларни тегоби, депресија и уште долга низа на болести. Треба да се јаде барем еднаш неделно и тоа ако сте во можност див лосос.

Боровинки
Освен што се вкусни, боровинките се полни со фитохемикалии кои служат за борба против најразличните болести. Исто така боровинките содржат флавоноиди и влакна, а сето тоа може да помогне во борба против сериозните болести како карцином, дијабетес, срцеви болести, чир на желудник и висок крвен притисок. Боровинката го намалува и нивото на лош холестерол во организмот. Добро е да ја земате како десерт, во замена за колачи.

5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...