|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Шест волшебни игри на бебето во стомачето

Редакција Рингераја, 23.8.2024
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно игралиште за бебето. И додека Вие го чекате доаѓањето на своето бебе и тоа, исто така се подготвува за надворешниот свет, играјќи си

image
/11


 

 

Бременоста е период кога имате толку многу работа: треба да ја средите детската соба, да вежбате дишење пред породување и психички да се подготвувате за годината која во потполност ќе го промени Вашиот живот. Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно игралиште за бебето. И додека Вие го чекате доаѓањето на своето бебе и тоа, исто така се подготвува за надворешниот свет.

 

Тоа...ги истражува своите сетила

Вашето бебе во материцата ќе реагира на сите звуци и движења. Неговите уши во потполност ќе се развијат приближно меѓу 24. и 28. недела и ќе може да забележите дека реагира на гласови или музика така што на пример ќе замавне со рачето или ножето, откако ќе слушне неочекувано гласна бучава.

Се покажало дека бебињата прво го слушаат ниските звуци, што би значело дека би можело да го слушнат татковиот глас пред Вашиот. Затоа, наговорете го Вашиот партнер да му зборува на Вашето стомаче.

Бебето исто така ќе реагира ако дојде до нагло паѓање на температурата, што е можно кога ќе се напиете ладен пијалок.

Од 28. недела Вашето дете ќе почне да ги отвора очите и тоа ќе може да ја воочи промената на денот и ноќта, бидејќи во внатрешноста на Вашата материца не е сосема мрачно. Бебето може дури и да се заврти кон местото од каде доаѓа изврот на светлина.

 

Тоа...учи да јаде

Многу бебиња го цицаат палецот во материцата и така се подготвуваат за хранење по породувањето – тоа некогаш се случува уште во 14. или 16. недела од бременоста. Резултатите на едно истражување покажале дека некои бебиња во стомакот повеќе сакаат да ја цицаат едната рака од другата, што би можело да ни открие дали ќе бидат левучари или десничари.

 

Тоа...вежба

Од  20.недела Вашето бебе би можело да почне да прави салто во материцата. Не, внатре немате олимписки гимнастичар, само дете кои расте и ужива во дадениот простор. Колку го има тој простор, зависи од големината на Вашата материца. Вие можеби и не ги чувствувате тие движења, но по правило, од 30. – 32. недела, детето веќе нема да има место за правење салто.

 

Тоа...го развива својот вкус

Од прилика по 24. недела, Вашето дете може да ја вкуси и помириса плодовата вода која го менува вкусот и мирисот, зависно од тоа што јадете и пиете. Истражувањата покажале дека ако жените јадат многу лук во текот на бременоста, децата исто така ќе го засакаат лукот. Значи, колку е поразновидна Вашата исхрана, толку повеќе ги навикнувате децата на различни вкусови.

 

Тоа...се забавува

Штом Вашето дете ќе почне да се движи, ќе бара работи кои може да ги фаќа и со кои ќе може да си игра: палецот, прстите, па дури и папочната врвца. Ќе му се допаѓа  музиката. Ако редовно слушате една иста песна, можеби ќе забележите дека Вашето бебе ја препознава и по раѓањето.

 

Тоа...сонува

Ултразвучните прегледи на бебето во материцата во четири димензии, покажуваат активност на мозокот на бебето додека спие. Снимките покажуваат брзи движења на очите, познато како сонување, кажуваат пренаталните стручњаци. Можеби тоа е негов начин на обработка на сензорните информации кои ги прима додека е будно. Сето тоа е подготовка за Вашето конечно запознавање и животот кој е пред него.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тестирајте се денес за мирна бременост
Дознајте повеќе за здравјето на вашето дете пред раѓањето
4
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
4
Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
3
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?