vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Костенот ја прочистува крвта, го зајакнува имунитетот и дава многу енергија бидејќи содржи многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Може да се каже дека моќните плодови на костените се природен извор на енергија и здравје, посебно во студените зимски денови. Исто така, богати се со витамин Ц, што е еднакво концентриран колку и во лимоните.
Зошто треба да јадеме костени?
Костенот има ниско ниво на калории и масти, а е богат со минерали, витамини и фитонутриенти (чудотворен антиоксиданс). Со самото тоа што костените се богати со витаминот Ц, ги прави одличен избор за закрепнување на имунитетот.
Калциумот и фосфорот во костените помагаат за закрепнување на нервниот систем, ги зајакнуваат коските и ја подобруваат работата на срцето. Костените содржат и високо ниво на протеин, големо количество на манган и калиум.
Стотина грама печени костени имаат околу 245 калории, па затоа ги нарекуваме плодови со висока енергетска вредност. Интересно е тоа што калориската вредност се дуплира со неговата термичка обработка, а се зголемува и количината на белковината и јагленохидратите во плодот.
Повеќе од 40% од костенот содржи скроб, поради што е погоден за подготвување на пире, супа и други слатки и солени јадења. Со оглед на тоа дека не содржи глутен, се препорачува на луѓето кои боледуваат од целијачна болест (нетолеранција на глутен).
Костените се извор на прехранбени влакна, кој го намалува лошиот холестерол во крвта и ја поттикнува работата на цревата.
Осумдесет грама костени дневно, задоволува петина од потребата за бакар, минерал кој ги засилува коските, помага во произведувањето на црвени крвни зрна, го подобрува работењето на нервите и го засилува имунитетот.
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...