Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Иако реакцијата ќе зависи од возраста на детето, темпераментот и околностите заради кои доаѓа до развод, многу деца се чувствуваат тажни, фрустрирани, лути, вознемирени и анксиозни - што не е чудно, со оглед на чувствата кои ги имаат.
За среќа, родителите можат да им помогнат на своите деца за време на разводот. Со минимизирање на напнатоста на новонастанатата ситуација, со смиреност, отвореност и искрен разговор можете да им помогнете на децата да го надминат ова тешко време.
Од суштимнско значење за детето е способноста на родителите и после разводот да останат во добри меѓучовечки односи. Конфликтот помеѓу родителите, независно од тоа дали се заедно или разделени – предизвикува големи фрустрации кај децата кои можат да траат не само во детството.
Кажете му на детето дека се разведувате
Штом веќе сте одлучиле, кажете му ја на детето вашата одлука дека планирате да живеете одделно. Иако не е лесно да се соопштат овие вести, пожелно е обата родители да бидат присутни во овој момент. Најважно е да ги оттргнете сомнежите на вина од детската глава.
Иако дискусијата за развод треба да биде прилагодена на возраста на детето, на неговата зрелост и темперамент, треба да пренесете една основна порака: Се што се случува е меѓу мама и тато и тоа нема да има негативни ефекти врз односот со децата. Повеќето деца ќе се чувствуваат виновни иако родителите ги убедуваат дека не се. Од витално значење за родителите е да го успокојат детето.
Дајте им на децата доволно информации за да ги подготвите за претстојните промени во нивниот живот. Запомнете дека децата не треба да го знаат секој детаљ – доволно е само јасно да знаат како нивниот живот ќе се смени. Со најмалите деца постапката е полесна, можете да им кажете нешто како:”Мама и тато ќе живеат во различни куќи, па нема да се караат толку многу, но обајцата те сакаме и ќе се обидеме тебе да ти биде убаво”
Постарите децата можат повеќе да бидат во тек со она низ што родителите минуваат и да бидат пољубопитни околу тешките прашања. Ако децата се многу вознемирени, кажете им дека ги препознавате и се грижите за нивните чувства и убедете ги дека нивната вознемиреност е разбирлива. Можете да кажете: ”Знаеме дека ова е многу вознемирувачки за вас. Можеме ли нешто да направиме за да се чувствувате подобро? И двајцата ве сакаме и ни е жал што мораме да живееме одделно”
Сите деца не реагираат веднаш. Кажете им дека ќе разговарате кога тие ќе посакаат. Некои деца се обидуваат да ги задоволат родителите глумејќи дека се е во ред и се обидуваат да ги избегнат тешките чувства преку потиснување на лутината и тагата.
Без оглед на итноста на реакцијата на детето, важно е да сте подготвени за одговор на следните прашања:
Бидете што поискрени во одговорите и убедете го детето дека мама и тато ќе поминат низ оваа криза, иако тоа може да потрае некое време.
Помогнете му на детето да ја надмине ситуацијата
Разводот за детето носи реална загуба. Многу деца тагуваат заради распадот на семејната идила која ја посакуваа и посебно им недостасува среќата на семејниот живот. Затоа е многу природно децата да се надеваат дека нивните родители еден ден повторно ќе живеат заедно – дури и по конечната одлука за развод. Оплакувањето на загубата на семејството е нормална, но со тек на време вашето дете ќе ја прифати новонастанатата ситуација.
Насилство пред децата
И покрај тоа што повремената расправија меѓу родителите се очекува и во здраво семејство, живеењето во бојно поле и во постојано непријателство и нерешени конфликти меѓу родителите, е тежок товар за секое дете. Викањето, расправиите и насилството ги прави децата исплашени и загрижени. Сведоштвото за конфликтот меѓу родителите гради несоодветен модел на партнерски односи кај детето. Децата чии родители живеат во непријателство имаат продолжено емоционално однесување и потешкотии кои тешко се надминуваат.
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?