Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Прилагодување на новонастанатата ситуација
Бидејќи разводот е голема промена прилагодувањето и корекцијата на животните услови треба да се воведуваат постепено. Треба да се имаат во предвид следните типови на живеење:
Не постои едноставно решение. Некои деца го делат своето време со обата родители, на други им е потребна стабилноста на домот и посета на другиот родител. Некои родители одлучуваат да останат во истиот дом – ова се случува многу ретко и треба да се избегнува.
Што и да изберете, потребите на детето треба да ви бидат во преден план. Избегнувајте да го инволвирате во конфликтот и да го користите како оружје. Кога ќе треба да одлучите што ќе правите за празници, родендени, одмори, останете фокусирани на она што е најдобро за детето. Важно е родителите да ги решат овие проблеми, а не да ги тераат децата да избираат.
Во текот на пред-тинејџерските години, кога децата имаат сопствени активности-кои не ги вклучуваат родителите, треба да се прилагодите на нивната листа на приоритети. Во идеални услови, децата на разведени родители се најзадоволни кога имаат конзистентна поддршка од обата родители, но приоритет им е училиштето и социјалниот живот. Бидете подготвени и флексибилни за потребите на детето.
Вашето дете може да одбие да го споделува слободното време со Вас, или може да заземе страна. Ако тоа се случи – не сфаќајте го лично. Обидете се да го одржите распоредот и да ја потенцирате важноста од вклученоста на двајцата родители.
Можеби детето ќе сака да го помине цело лето, семестар или учебна година со родителот кој не му е законски старател. Ова не значи дека детето сака и да живее со него. Во секој случај, задоволете ги неговите желби.
Родителство под притисок
Тешко е да се одржи Вашата улога на родител кога минувате низ било кој вид на емоционална криза. Можете да бидете доведени во ситуација да побарате емоционална поддршка од децата, или да ги натерате да ви поднесат извештај што другиот родител прави. Немојте да го правите тоа – мајките и татковците треба стабилно да стојат на нозе и да не покажат слабост пред децата. Колку и да се обидуваат да ве разберат низ какви тешкотии поминувате – тие се сепак деца.
Доследноста и дисциплината во домот е многу важна. Секојдневните обврски, правила, домашни работа, одењето во кревет навреме, ќе ја намали напнатоста. Многу е важно да се задржи нормалниот тек на живот со одржување на рутинските обврски, јадење, спиење, придржување кон куќните правила и дисциплина. Ако премногу ги релаксирате децата и ги испуштите конците од раце, ќе ги направите децата несигурни и тешко ќе го вратите авторитетот кој сте го имале кај нив. Спротивставете се на детскиот порив за кршење на рутината и не допуштајте им премногу слобода. Имајте на ум дека децата не се расипуваат од бескрајните прегратки и утешни зборови, туку од купување работи кои треба да ја заменат Вашата љубов.
Разводот е најголемата криза која може да го снајде семејството. Но ако вие и вашиот партнер можете да останете во добри односи заради Вашите деца, тоа за нив може да претставува извор на енергија, дури и ако сте основале ново семејство.
Затоа запомнете:
Само со добра поддршка од Ваша страна, децата ќе успеат да се прилагодат и да живеат нормален живот откако нивните родители ќе се разведат.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што е плодност и како функционира телото?
Плодноста е способноста на човекот да создаде потомство. Кај жените, т...
Работи што би сакала да ги знаев пред породување
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во живото...
Хормонски промени кои настануваат при доење
Доењето не е само активност преку која се овозможува исхрана за бебето...
Соодветни мача рецепти за бремени жени
Мача чајот е познат по антиоксидансите, нежната енергија и смирувачкио...
10 знаци дека сте преминале од вљубеност во љубов
Кога пеперутките се смируваат, а чувството станува подлабоко....