namesp во 10:12
Прости ми
Слаѓана Арсоска, Pepelaska RR, 10.8.2012Прости ми,
што понекогаш те сакав само за мене,
што ја посакував тишината за да можам
да ја слушнам музиката на нашите срца.
Прости ми
што мислев дека и ти знаеш да сакаш,
дека посакуваш јас да сум твојата принцеза.
Не знаев,
дека имаш срце од камен,
не знаев,
дека цело време носиш ѓаволска маска
на тоа ангелско лице.
Сакав, заедно да го вкусиме
заедничкиот живот,
да ги поделиме успесите, падовите.
Сакав, да потонувам во твојата прегратка,
секоја вечер,
сакав да го дишам твојот мирис,
во нашиот дом, на нашата постела.
Сакав нежност,
сакав љубов, посакував страст,
се трудев да ти ја дадам сета љубов
која ја имав за тебе.
Сакав да разбереш,
дека животот нема смисла да си сам,
сакав да го исполниш твоето ветување
дадено пред Бога.
Не знаев,
дека во твоето срце нема место за мене,
не знаев дека ветената љубов
одамна ја снемало.
Затоа добив, грубост,
навреди и солзи.
Ќе ме болат твоите зборови,
ќе остане лузна но јас ќе преболам.
Нема веќе да те молам,
ја скрши сета моја желба ,
ја уби сета моја љубов,
која со години ја носев во срцето само за тебе.
Сега сакам само едно да ти кажам
прости ми што мислев дека знаеш да сакаш,
прости ми што толку те сакав.
Прости што мислев дека вреди да се бориш за љубовта,
да создададеш цврст оков кој никој нема да го руши.
Прости ми што мислев дека и ти ме сакаш.
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...

Кога носето ќе прокрвари, се плашат и родителите и децата. Но дали стравот е оправдан?

При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...

За Велигден, главна состојка на менито се јајцата. Колку е корисно да јадете варени јајца, каква е препорачаната доза и ...
