|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ало докторе, ве барам за...тииииит

Тамара О., 10.11.2015
При изборот на педијатар, на пример, мене навистина ми е важно прописно да го удавам со глупави прашања и со своите ирационални стравови. Во деновите на мали и големи болести барам безусловна поддршка и ако тоа престанам да го добивам – менувам
Клучни зборови:

image
/11


 

Раѓајќи го своето прво дете се запознав со неколку светови кои дотогаш не постоеја за мене: мајки и бебиња од паркот, девојки/жени кои се занимаваат со бејбиситинг и педијатри...

Од овие три групи, педијатрите и понатаму се дел од мојот живот и еден ден децата ќе пораснат, а јас ќе остарам, па од педијатар ќе преминам на геријатар.

Дотогаш пред се сакам да ги пофалам, мудро го избрале својот позив, баш како и цвеќарите. Баба ми секогаш велеше дека децата и цвеќињата се секогаш добар бизнис, дури и кога е војна. Кога ништо друго не функционира, секогаш ќе имате за ефтин букет цвеќиња и за преглед кај педијатар. Тогаш ми звучеше злобно, сега ми звучи логично.

Како млада мајка  кон педијатрите одгледував однос полн со стравопочит, како кон поглавица на племето на кое припаѓам. Работев што ќе ми се кажеше, никогаш не се спротивставував, клепав и трпев критики, ме стегаа градите од нервоза додека детето плачеше, од што и мене ми се плачеше.

Отсекогаш ги мразев тие први контролни прегледи, каде со рутинска постапка се тестира развојниот тек на новороденчето, што на крај се крунисува со мочкање на белиот мантил и чистите бели плочки. После тоа докторката преминува на бирократскиот дел од работата, измочкана и изморена.

Се сеќавам на славната главна сестра од реномираната болница која имаше необично уредна фризура и беше облечена како извадена од Бурда '62. Нејзиниот вокабулар беше преполн со флоскули и општи изрази (понудете дојка на три часа, одржувајте хигиено-диететски режим, кога се одмора бебето се одмора и мајката). Тие реченици на мене оставаа сериозен впечаток.

Педијатриските струи се непредвидливи токови кои се менуваат од сезона до сезона. Мене неодоливо ме потсетуваат на бурните води на северното море, каде дува од сите страни.  Овој јуни детето кое има температура се тушира со ладна вода или се лади на промаја. Во септември, секој ќе ти каже, детето со температура се игнорира се додека не се онесвести, што е нормално и не е ништо страшно, а се облекува слоевито, за да може да се соблекува постепено, при што и ќе се забавува.

Едни ќе препишуваат антибиотици како да собираш рецепти за вашиот семеен албум – пеницилини, цефалоспорини и оние третите, им го заборавив името. Други па никогаш нема да препишат антибиотик, освен ако не донесеш писмена потврда од Севишниот дека си полумртва и ти и твојот наследник и сопругот и неговата мајка.

Секако, постојат педијатри кои ги следат новостите во светот на медицината и постојат други кои веруваат во вечно здравје кое извира од расолницата и сировиот компир.

Од богатиот албум на педијатриски средби издвоив само неколку најчести врсти:

 

ШАРМЕР

Најчесто од машки пол, шармантен и вицкаст. Ситуиран, згоден, просед. Неверојатно духовит и разговорлив со децата. Обично доктор од клиника со богато искуство, кој во мирните води на амбулантското работење преминал кога од болничкиот стрес му дошло преку глава.

Подобро комуницира со мајките, а со татковците гради доминантен алфа-однос, кој фрустрира. Децата оздравуваат до пола заради препишаниот лек, од пола заради мајката која е разгалена  од духовитата комуникација, па заради тоа е расположена.

Шармерот препишува антибиотици со лева рака, со десната рака го држи мобилниот. Ја гледа жртвата директно во очи, со цел да ја освои нејзината слепа доверба. Во слободно време лечи и оперира териери, кои се користат за борба (тој е и хирург и ортопед), што му носи огромен профит.

 

МАЈКО

Докторката “Мајко” ретко се смее, на децата не им се обраќа, додека мајката ја ословува во секоја реченица и атмосферата ја држи напната од почеток до крај.

Не поднесува прашања, не дава одговори.

Не следи нови достигнувања во медицината и се потпира на своето повеќедецениско искуство и на слободната проценка, која никогаш не ја изневерила.

Прашањата ги поставува конкретно и на новопечените мајки војнички им ја вади дојката од брусхалтерот, која потоа силно и во такт ја стега за да се увери  дали лактацијата е на задоволително ниво. Доколку  не е, мајката ќе биде казнета со мафтање на главата, воздишка и подигната веѓа.  Доколку е,  мајката ќе биде пофалена и издвоена од претходните мајки кои немале лактација на очекуваното ниво.

Оваа докторка не комуницира со татковци и тоа го знаат сите. Неприкосновениот авторитет и дава на нејзината аура златен сјај и во нејзино присуство сите стојат мирно. Присутна е се додека бебето не порасне и не прозборува, кога го преместува кај колегата, бидејќи всушност не поднесува ни бебиња, ни деца, ни родители.

Ако детето не реагира  на природното лечење, во кое таа верува, криво е или детето, или мајката која пропуштила некој детал. Ако реагира, нормално дека реагира, тој лек со децении дава резултати.  Освен кога не дава.

Оваа жена делува толку закочено што никој не може да поверува  дека е родител и дека децата ги добила со еден чин, кој е толку вон контрола, како што е на пример сексот.

 

ВЕЛОСИПЕДИСТ

Млад или стар, овој педијатар е секогаш уредно истрижен, со совршено средени нокти. Рацете ги мие  пред и после фаќање на било што, дури и после препишување на лек.  А лековите ги препишува исклучиво врз основа на лабораториски анализи, кои се единствен сигурен доказ за се. Ако детето ви е нервозно, за тоа постои анализа на крвта, која ќе ве однесе на вистинскиот пат.

Тој е слаб, скоро ненахранет. Има невпечатлива физиономија, тивок, со мали и припиени уши и долги екстремитети. Најчесто е ќос. Носи фармерки и бели маици кои се совршено испеглани, а на нозете има како снег бели патики и секако бели памучни чорапи. Мириса на чисто и испеглано. Кон децата е истовремено нежен и груб. Зборува само кога мора и тоа го прави без волја и по малку неразбирливо.

Сепак, неговите дијагнози се ретко погрешни, иако во старт покажува несигурност. На мејлови, смс-и и повици не одговара. Многу е зафатен и кога не работи подготвува нова дисертација. На својата едукација работи вредно и без престан, влева доверба, стабилен е и скоро драг.

Кога не е лекар тој е рекреативец кој може да се види во велосипедска опрема, на велосипедска патека, каде соборува лични рекорди.  Собира значки и марки и има мачор.

Кога малку би се опуштил, на секоја мајка би и бил најдобар пријател. Но никогаш љубовник.

 

КОМШИВКА

Четвртиот најчест педијатриски облик е гласна, убавка жена, со свежо исфенирана коса, која најчесто има богат маж, па делува како со педијатрија да се занимава од хоби.  Има бујни и негувани гради, внимателно налакирани нокти и вреден накит.  И самата е мајка на три деца, има непосреден став и коректно ниво на искуство. Се потпира на мајчината интуиција и на факултетското образование. Додека фармацевтите задоволно ги тријат рацете, нејзините мали пациенти се лечат ефикасно со сирупи и ампули.

Една е од ретките која верува во ефикасноста на инекциите, а со мајката склопува солидарен сојуз, секако ако мајката е од исто ниво.  Доколку не е, сосема незабележливо  таквиот пациент преминува кај колегата.

Нејзините пациенти се нејзиното задоволно племе, со кои се гледа и вон работно време, па со делење на совети купува од нив по намалени цени шарпи, шминки, чорапи и туристички аранжмани. Некогаш и не купува, туку ги добива.

Ваков вид на педијатар најчесто ординира во училишта и градинки, а нејзината гласна насмевка, ѕвонливиот глас  и пролетниот парфем децата го помнат долго.

Во својата дамска ташна секогаш носи рецепти или оправдувања за во училиште  или градинка. А во соседството и во семејството ги лечи сите – од домашни миленици до невролошки и љубовни проблеми.

 

Вистина е дека секое дете се разболува и лекува на себеси својствен начин. Доволно внимателните мајчински очи ќе воочат извесни правила и обрасци кои се повторуваат. Тоа може да биде од голема помош. Иако умерениот страв и грижата никогаш нема да исчезнат, нема поважна работа од тоа да се заузда паничниот страв, барем кога станува збор за инфекции кај децата.

При изборот на педијатар, на пример, мене навистина ми е важно прописно да го удавам со глупави прашања и со своите ирационални стравови.  Во деновите на мали и големи болести барам безусловна поддршка и ако тоа престанам да го добивам – менувам.

Бидејќи во животот менувам се што не ми одговара.

Освен инхалаторот. Него не го менувам додека не цркне.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто детето не ме слуша?
Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своегл...
5
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?