Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Мисти и Брајан Бејкер неуспешно се обидувале да добијат бебе повеќе од десет години. Кога веќе дошле до работ на силите и се исцрпиле финансиски и емотивно, нивната пријателка, Амбер Плакебаум, се понудила да им биде сурогат мајка.

Амбер е мажена и мајка е на две деца, а искусила и колку спонтаниот абортус е тежок за жената, па во договор со својот сопруг одлучила на тој начин да и помогне на својата другарка.

Во октомври минатата година докторот имплантирал два ембриони од Мисти и Брајан Бејкер во Амбер, а четирите преостанати во Мисти, која се согласила со предлогот на докторот, иако била сигурна дека од тоа нема ништо.
Но се случило тоа што никој не го очекувал: Мисти, на свое големо изненадување забременила и тоа со близнаци, а во исто време тоа и се случило и на нејзината другарка. Двете трудници имаат термин во јуни, а пресреќните родители веќе купиле се' - од креветчиња до цуцли.


“Нема сомнеж дека овие деца се посакувани и сакани и дека за нив сме се молеле и сме верувале. Тоа се нашите мали чудо бебиња”, радосно изјавува Мисти.
5
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...