vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еднаш и се приближила непозната жена и ја предупредила дека носејќи го детето во раце, може да го разгали. Еве што одговори Кели на својот профил на Фејсбук
Драга жено од маркетот,
Веќе сум слушнала и порано дека на тој начин можам да го разгалам детето. Вие сте уверени дека заради тоа мојата малечка никогаш нема да биде независна и самостојна. Се насмеав на тоа, го бакнав детето и продолжив со купувањето.
Кога само би сте го знаеле она што го знам јас. Кога само би сте знаеле дека ова дете ги помина првите 10 месеци од животот само, а единствена утеха му бепше цицањето на палецот. Кога само би сте знаеле какво беше нејзиното лице кога нејзиниот старател ми ја предаде мене и кога за прв пат ја зедов во својата прегратка. Никој дотогаш не ја држел на тој начин и таа не знаеше зошто е тоа така.
Кога само би сте знаеле дека таа никогаш не плачеше во креветчето откако ќе се разбудеше, бидејќи никој дотогаш не одговарал на нејзиниот повик.
Кога само би сте знаеле дека анксиозноста беше стандарден дел од нејзиниот ден, со удирање на главата од оградата на креветчето, барајќи за себе мало внимание. Кога само би сте знаеле колку е бебето во оваа носилка независно и колку време поминавме обидувајќи се да го надјачаме нејзиниот дел од мозокот кој трауматизиран вришти.
Кога само би сте го знаеле она што јас го знам. Таа сега пушта глас кога ќе ја спуштам, а не кога ќе ја кревам. Наутро кога ќе се разбуди пее од своето креветче, бидејќи сега знае дека некој ќе реагира, ќе дојде и ќе и ја смени пелената.
Кога само би сте знаеле дека таа сега заспива во прегратката на мама и тато, наместо сама да се успива. Да го разгалам ова дете е најважната работа која некогаш сум ја имала, но и привилегија. Ќе ја носам во раце долго, односно онолку долго колку што таа ќе ми дозволи, бидејќи сега знае дека на тоа место чувствува сигурност. Тоа е нејзиното место и таа го сака, напиша Кели.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...