vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ова се најчестите грешки кои ги прави секој родител
Навреди и ќотек
Со вербално или физичко насилство нема да постигнете тоа што сакате, туку само можете да му наштетите на развојот на детето.
Скратување на љубовта
Ако свесно го користите овој метод за да го натерате детето да ве послуша, тоа ќе биде лошо искуство за него. Заканите од типот “Ако веднаш не ја средиш собата, нема да те сакам”, немојте никогаш да ги изговарате.
Преоптоварување
Децата не се мултитаскинг генијалци. Премногу правила и упатства одеднаш може да ги збунат и преоптоварат. Малите деца не можат да работат повеќе од една задача истовремено.
Недоволно пофалби
После ручекот детето ја ставило својата чинија во мијалникот, а вие не велите ништо? Колку и да мислите дека тоа не е голема работа, за детето ќе биде важно да го забележите тоа. Задолжително пофалете го кога ќе направи нешто позитивно, а вие тоа не сте го барале.
Лоши примери
Се прашувате зошто детето се однесува лошо? Одговорот на тоа прашање може да го најдете во своето однесување. Малите деца лесно ги усвојуваат лошите навики од родителите. заради тоа, правилата кои важат да вашето дете, не треба да важат и за вас.
Без споредување
Секое дете е посебно и поинаку се развива. зајакнете го неговиот идентитет и научете го да ги вреднува своите способности и таленти.
Погрешна комуникација
Ако постојано сте во спор со детето, можеби причината е тоа што не сте јасни во вашите барања. Малите деца најлесно разбираат кратки и јасни реченици.
Претерана строгост
Потполно е нормално во секојдневниот живот да не тече се по план. Повремено допуштете им на децата да се изборат за себе. Ако сакаат да облечат патики наместо чизми, нема да се случи ништо страшно. Размислете за тоа што е навистина важно.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...