Џвакањето мастики често изгледа како безопасна навика која им носи задоволство на децата, пријатен вкус, забава и чувство на „пораснатост“. Но, дали е мастиката навистина соодветна за малите деца? Еве што треба да знаете како родител.
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Од која возраст е безбедно да се џвака мастика?
Според педијатрите, мастика не треба да му се дава на дете под 4-5 годишна возраст, бидејќи:
- Детето сè уште нема развиено доволно разбирање дека не смее да ја голта.
- Постојат реални ризици од задушување.
- И се уште учи како се користи устата при џвакање различни текстури.
Потенцијални придобивки од џвакањето мастики
Кога се џвака правилно и со умереност, мастиката може да има и одредени бенефити:
- Помага при притисок во ушите при летање или промени на надморска висина.
- Може да го освежи здивот.
- Кај постарите деца, џвакањето без шеќер може да стимулира лачење плунка и да помогне при отстранување на киселини.
Што може да биде ризично?
- Задушување. Ова е главната грижа, особено кај деца под 5 години.
- Голтање. Ако детето ја проголта мастиката, најчесто ќе излезе природно, но во многу ретки случаи може да предизвика опструкција.
- Засладувачи и адитиви. Многу мастики содржат вештачки засладувачи, бои и ароми, кои не се препорачуваат за честа употреба кај деца.
- Здравје на заби. Иако некои мастики се без шеќер, другите можат да придонесат за расипување на забите ако се користат често.
Совети за родителите
- Почекајте вашето дете да наполни барем 5 години пред да понудите мастика.
- Изберете мастики без шеќер и без вештачки бои.
- Објаснете му на детето дека мастиката не се голта.
- Дајте ја само под надзор – особено првите неколку пати.
- Не ја користете како награда или „мито“. Мастиката не треба да стане замена за здрава ужина.
Џвакањето мастики кај децата не е само прашање на желба од страна на детето, туку и на размислување за возраст и безбедност, како и умереноста ако веќе се дозволува џвакање мастика. Со внимателен пристап и надзор, мастиката може да биде забавна, но не треба да биде дел од секојдневната навика кај малите деца.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Најчести повреди кај мали деца
Малите деца се љубопитни, постојано во движење и често не го проценуваат ризикот.
4
Негативни последици од физичкото казнување...
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во многу домови и општества, често оправдано како „учењ...
3
(Не)правилен изговор на гласовите
Една од најчестите причини заради која родителите бараат помош и совет од логопед, е неправилниот изговор на гласовите и...
3
10 знаци дека вашето дете е разгалено
Велат дека не можете да го разгалите детето со држење, лулање и преголема грижа за него, но кога веќе ќе наполни 3 годин...
3