|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Mammy: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 9.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/81


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Име: Марија Мучева Абаџиќ

Син: Арман Абаџиќ

Ник: Mammy

Датум на породување: 09.08.2009 година

Тип на породување: Царски рез

Болница: Систина

 

Среќен прв роденден мило мое детенце !

Август месец 2009, доста топло..

Јас повеќе се тркалам отколку што одам..Нозете ми пораснале за два броја и мислиш да ги боцнеш ќе издишат како балон..пфаф..

Редовна контрола ЦТГ и така натаму..

Мојата докторка замина на одмор и ме прегледуваше друга докторка..На сите прегледи, контроли, па и за банални работи, маж ми доаѓаше со мене. Но тој петок  беше во Загреб. Беше уште рано, терминот ми беше дури за 10-тина дена, околу 20  Август..

И на самата контрола, тој петок,  докторката ми предложи да ме примат следниот ден  и да почнеме со провокации за породување. Ми вели: На бебушот подобро ќе му е надвор, отколку внатре..Мене веднаш паника почна да ме фаќа зашто имаше барем уште десетина дена до мојот термин и прво и се јавив на мајка ми, а после тоа и на маж ми..

И некако се договоривме со докторката да ме примат во недела сабалје ( маж ми се врати итно со авион во сабота вечер).

И бидна и тој ден, недела 09 август, во 10 часот ме примија во Систина.

Ме сместија во соба каде лежеше една  млада жена на која бебето и умрело во 26 недела и чекаше со провокации да го исфрли мртвиот плод. Сето тоа ми створи некоја негативна атмосфера и некако не можев да се радувам и да викам кога почнаа болките.

Ме припремија со клизма и покрај тоа што бев депилирана, ме избричија. Е тоа е без врска, а сестрата беше една намќорка. Како и да е, ми ставија вагиналета за да почнат контракциите и полека да се отворам. Но поминаа неколку саати, и после болните проверки од страна на докторката дали сум се отворила, јас не бев отворена ни милиметар. Подоцна, околу 18 часот ми ставија уште една вагиналета.

Тогаш почнаа контракциите и болките, најпрвин на три минути, а после на 1 минута. Цело време маж ми беше покрај мене, а мајка ми на телефон. Не сакав мајка ми да ме гледа како се мачам,  а нон-стоп се јавуваше да ме праша како е и беше спремна да дојде. Но јас знаев дека ќе и биде тешко, така да останав само со маж ми...

Откако ни втората вагиналета не го даде потребниот ефект, односно јас не се отворив ни еден сантим, а болките веќе беа доста јаки и зачестени, во 21 часот категорично решив дека ќе се пораѓам со царски рез. Тоа нормално беше и препорака на самата докторка.

Причината поради која не се отворав беше операцијата која ја имав пред три години – т.е. конизација и поголем дел од грлото на матката беше отстрането и матката беше многу добро сошиена, без можност да се отвори.

Во 21 часот ме внесоа во операциона сала. Во салата беше многу ладно и јас се тресев, што од страв што од ладно.Ми ставија епидурална анестезија, која ја осетив на начин што од половината надолу телото ми беше тотално отрпнато и ме облеа некоја чудна топлина.И така почнаа припремите за царскиот рез, или како мене повеќе ми се допаѓа цезареа..

Е сега, резот кога го правеа воопшто не се чувствува. Меѓутоа кога дојде моментот да се вади бебето, имав чувство како ми ја поместуваат цела утроба и како нешто големо вадат од неа. Воопшто не болеше. Ама беше чудно, непријатно чувство. Цело време анестезиологот ми зборуваше и ме смееше.

Кога го извадија бебето, тоа уште беше врзано за папочната врвца и со главата надоле, за нозете го држеа и ми го покажаа да го видам, а тоа душиче мало, плаче растура. Е тој момент нема никогаш, ама никогаш да го заборавам. Набргу после тоа, мене ме сошија, го средија бебето и ми го донесоа на лице да го видам и сестрата ми вика бакни го, бакни го..И јас полека го бакнав моето синче и почнав да плачам..

Набргу ме преместија на кревет и полека ме вадеа од операционата сала. Пред да ме однесат на интензивна нега, ме однесоа до вратата, каде возбуден стоеше маж ми кој почна силно да ме гушка. Тогаш ми го ставија бебето покрај мене и маж ми не сликаше заедно.Набргу го зедоа и го однесоа кај другите бебиња, а мене ме префрлија на интензивна нега. Се сеќавам дека ми облекоа волнени чорапи и цела ноќ ја поминав како во бунило. Другиот ден едвај чекав да ме префрлат во нормална соба и да ми го донесат бебето. А раната, морам да признаам дека ме болеше,  конкретно резот. Веднаш ме тераа да станам и тоа беше најтешкиот момент за мене...

Ама еве помина се, поминаа сите тие маки..Во споредба со убавините на мајчинството, се е само едно искуство кое поминало, но ти помогнало да го осознаеш и почувствуваш најубавото нешто во животот, што секоја жена ја прави комплетна, а тоа е да биде мајка.

И така тие денови се зад мене, убавината на животот продолжи и еве веќе една година имам прекрасно синче кое ми даде нова смисла на животот.

 

Рингераја му посакува среќен роденден и среќно детство на Арман !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Доцната бременост го продолжува животот?
На медицинскиот факултет во Бостон е спроведена студија чии резултати покажале дека жените кои планираат бременост по 30...
4
Труднички желби
Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да ...
3
Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?