Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Како што постојат деца кои немаат апетит, така е честа и појавата на деца кои секогаш имаат добар апетит и јадат со задоволство. Овие деца освен главните оброци, во текот на денот знаат да побараат и меѓу оброци со изговор дека се гладни.
Некои родители плашејќи се децата да не им станат премногу дебели и храната да не им стане преокупација, при изјавите дека се гладни се обидуваат да им го одвлечат вниманието на своите деца, барем до времето предвидено за главниот оброк.
Сепак, претерано е мислењето дека децата треба да бидат премногу слаби. Дури и спротивно на ова, постои мислење дека на многу слабите деца им недостасуваат резерви на вишок килограми кои кај многу неизбежни детски инфекции им помага да се прележи заболувањето без последици.
Умерената дебелина кај децата е потполно нормална, доколку децата се хранат здраво и со разновидна исхрана. Важно е да одберете добар и различен избор на храна: зеленчук, овошје, посно месо, риба, сирење, јајца и црн леб. Треба да се одбегнуваат сосовите со брашно, често конзумирање на тестенини, помфрит, брза храна, како и претерана количина на полномасно млеко (доволно е половина литар дневно).
Малите меѓуоброци пред почеток на главното јадење се непотребни. Тие влијаат на покачување на тежината, а притоа го одземаат апетитот за главниот оброк. Многу е важно два часа пред главниот оброк да не се дава храна на децата.
Инаку како препорачлива храна за редовните меѓу оброци се смета: јогурт, јаболка, круша, морков, а никако не треба да се даваат грицки, бомбони и слатки работи, бидејќи оваа храна влијае на дебелината кај децата, лошо влијае на забите и доведува до појава на кариес, како и до појава на дијабетис.
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку чекори дневно се доволни за слабеење?
Идејата дека 10.000 чекори дневно е магична формула за слабеење е широ...
Како семејните оброци ја градат блискоста?
Во динамичното секојдневие, заедничкиот оброк често станува реткост. С...
Водич за успешно доење во првите 30 дена
Првите 30 дена по раѓањето се клучни за воспоставување успешно доење. ...
Како преку игра да се развива говорот кај децата?
Развојот на говорот не започнува со првите зборови. ...
Лажни или вистински контракции
Кон крајот на бременоста, многу жени чувствуваат затегања во стомакот ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?