|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Љубовта низ зборовите на големите мислители

Редакција Рингераја, 14.2.2015
Заради што се некои изречени или запишани зборови толку убави и посебни? Дали е тоа заради чувството кое го будат во нас? Дали заради длабочината на зборовите кои не поттикнуваат на размислување и не потсетуваат на саканите во нашиот живот?

image
/11


 

Ова се најубавите цитати за љубовта:

 

Тој не е совршен. Не си ниту ти. Вие двајцата никогаш нема да бидете совршен пар. Но ако успее да те насмее еднаш, да те натера да размислиш два пати и ако признае дека е само човек и дека прави грешки, задржи го и дај му најмногу што можеш. Тој нема да ти чита поезија, не мисли на тебе во секој момент, но ќе ти поклони дел од себе, оној дел кој се крши. Не го повредувај, не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти го даде. Немој да анализираш. Смеј се кога ќе те направи среќна, викај му кога ќе те налути и нека ти недостасува кога не е тука. Сакај многу кога љубовта е веќе тука.  Бидејќи  совршени мажи не постојат, но секогаш постои еден, совршен за тебе.

Bob Marley

 

Те сакам не знаејќи како, ни од кога, ни од каде;

Те сакам без проблеми или гордост,

така те сакам бидејќи не знам поинаку

туку вака, каде што ме нема ни тебе ни мене,

толку блиску што твојата рака на моите гради е моја,

толку блиска што очите ти се склопуваат заедно со мојот сон

Pablo Neruda

 

Љубовта секојдневно прави чуда: ги ослабува јаките, ги јакне слабите. Будалите ги прави мудри, мудрите будали. Ги истакнува страстите, го уништува разумот. Со еден збор – се превртува наопаку.

Marguerite de Valois

 

Она што повеќето луѓе го нарекуваат љубов, се состои во избор на жена и стапување во брак со истата. Тие ја избираат, се колнам, сум го видел тоа. Како да можеш да избереш во кого ќе се заљубиш, како тоа да не е гром кој ти го стресува целото тело, од кого се одземаш и остануваш да стоиш гледајќи во празно. Тие веројатно велат дека ја одбрале бидејќи ја сакаат, а јас мислим дека кај нив е обратно. Беатриче никој не ја одбра, Јулија никој не ја одбра. Вие не можете да го изберете дождот кој ќе ве наводени до гола кожа кога ќе излезете од театарската сала.

Julio Cortázar

 

Љубовта е чудо кое му се случува на сите кои вистински сакаат. Колку повеќе даваат, толку повеќе имаат.

Reiner Maria Rilke

 

Љубовта никогаш не умира од природна смрт. Умира бидејќи не знаеме да и го обновиме изворот. Умира од слепило, грешки и предавства. Умира од болести и рани. Умира од досада, губење на свежината и сјајот.

 

Оди по неа. Немој да седиш и да чекаш да ти се јави. Оди по неа бидејќи тоа е она што треба да го направиш ако сакаш некого. Немој да чекаш таа да ти даде знак, бидејќи тоа може и никогаш да не се случи. Немој да ти се случуваат други луѓе, немој да ти се случувам јас. Таа не е ТВ емисија или торнадо. Оди по неа.

Harvey Milk

 

Љубовта секогаш се дава како подарок – слободно, на драга волја и без очекувања...Ние не сакаме за да бидеме сакани. Ние сакаме за да сакаме.

Leo Buscaglia


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

ДЕЦАТА ГИ ЗАПОЗНАА МИТСКИТЕ СУШТЕСТВА ВО Р...
Од 29ти Август во Рамстор Мол дојдоа џинови, врколаци, сирени, чудовишта со повеќе глави и многу други митски суштеств...
3
Зошто чувствуваме глад?
Гладот не е само сигнал од желудникот дека е време за јадење. Тоа е комплексен процес во кој главна улога играат два хор...
3
Што значи вистинска поврзаност во една врска?
Во денешно време на идеализирани врски на социјалните мрежи, често се мешаат поимите: привлечност, навика, заедништво и ...
3
Тинејџерски циклус. Што треба да знае секо...
Периодот на пубертет носи многу промени кај девојките, а една од најзначајните е појавата на менструацијата.
3




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?