Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Млечните заби, иако се менуваат, имаат многу важна улога во растот и развојот на целиот дентофацијален систем. Доколку се расипат или прерано се изгубат, настануваат несакани последици врз трајните заби, а најчесто тоа е недостиг на простор за нивно правилно сместување.
Циркуларниот кариес на млечните заби е типичен за најраната детска возраст.
Овој тип кариес се шири кружно околу вратот на млечните заби, пред с? на предните горни запчиња. Во почетокот на забите се забележува промена на бојата на глеѓта, но за кратко време пребојувањата преминуваат во вдлабнувања кои ја зафаќаат целата коронка на запчето.
Главна причина за појава на циркуларен кариес е долготрајната изложеност на млечните заби на висока концентрација на шеќер. Ова се случува доколку детето заспива со шише со млеко, сок, засладен чај или често во текот на денот или ноќта консумира засладени или млечни напивки (млекото треба да се комбинира во состав на главни оброци) или, пак, консумира ужини кои се лепливи, т.е. меки и благи.
Како може да се избегне појавата на циркуларен кариес?
Пред с?, најважна е добрата орална хигиена. Родителите треба добро да се грижат за хигиената на забите и на устата на децата.
- Од раѓање до појава на првите млечни заби, устата на бебето треба да се чисти со газа навлажнета со вода по секој оброк, а тоа е особено важно пред спиење.
- Штом ќе се појават првите заби, треба да се почне со нивно четкање двапати дневно, најдобро после појадок и навечер пред спиење.
Во однос на навиките во исхраната, за забите на вашето дете да бидат што помалку изложени на шеќери препораките се следни:
- детето да не заспива со шишенце со млеко или засладена напивка;
- доколку детето цица цуцла, таа да не се потопува во мед или сок;
- одбегнувајте ги во текот на денот честите благи ужини (како што се бонбони, колачи, кекси);
- природните сокови и другите напивки да се консумираат во текот на оброците, а помеѓу оброците изборот да биде вода.
Создајте им корисни навики на децата додека се мали
- Првата посета кај стоматолог би требало да биде помеѓу втората и третата година. Доколку имате какво било сомнение за состојбата на забите на детето, тогаш обратете се на вашиот стоматолог и порано.
- Многу е значајно вашиот стоматолог да направи комплетен преглед и да ве советува за здравјето на забите на вашето дете.
Д-р Зорка Чрчева-Димовска
специјалист по ортодонција
ПЗУ DENTAL CARE Скопје
070821 274
забава Бремените
Автор: bobik
Кенгур нега: љубов, сигурност и здравје во еден допир
Во последните децении, концептот на „кенгур нега“ (kangaroo care) сe п...
Кога е време за перниче? Водич за родители
За многу родители, изборот на перниче за нивното дете изгледа како мал...
Патронажните сестри меѓу професионалното и човечкото
Патронажните сестри се тивки хероини на здравствениот систем. Жени кои...
Колку пати сте посегнале по фрижидерот без да сте навистина гладни? Ил...
Кои моменти не зближуваат во врската?
Во свет каде што секојдневието е исполнето со обврски, стрес и брзо те...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?