|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги заштитиме децата од пасивно пушење?

Редакција Рингераја, 20.10.2021
Ако вие, или некој од вашето семејство пуши, а имате деца, тогаш е важно да се осигурате дека децата не се пасивни приматели на чад од цигари, кој е класифициран како канцероген од група А, од страна на агенциите за заштита на животната средина

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Пасивното пушење е во, научно докажана, корелација со голем број на болести: рак, астма и срцеви болести и му нанесува голема штета на детските бели дробови и на имуниот систем во развој. Со оглед на статистиката, колку помалку ги изложувате вашите деца на чад од цигари, толку подобро.

 

Чекори кои треба да ги преземете:

 

Стоп за пушењето

Ако вие, или неко од вашето семејство пуши, најефикасен начин да ги заштитите децата е да престанете со пушење, или да ги убедите пушачите да престанат. Таа навика тешко се искоренува, но погледнете ги само придобивките кои ќе ги добиете со тоа:

-          Поздрави деца, помалку респираторни болести и помали сметки за лекарства (за вас и за нив)

-          Чиста домашна средина, без потреба за белење на ѕидовите и отстранување на мирисот од цигари.

-          Почисти и поздрави заби и непца.

-          Почист тапацир, завеси и огледала.

-          Без трошоци за цигари.

-          Без опасност од запалување и изгореници.

 

Пушете на отворено

Направете правило никој да не смее да пуши внатре во домот, дури и во најстудената зима. Чадот во затворена просторија содржи поголем процент канцерогени хемикалии и респираторни надразнувачи. Хемиските честички исто така остануваат на мебелот, завесите и ѕидовите и продолжуваат да емитуваат штетни хемикалии долго време откако цигарата е изгасната. Тука ќе го споменеме и застоениот мирис на чад од тутун. Ако веќе не можете да се откажете од пушењето, тогаш најдобар избор за вашето семејство е да пушите на отворено.

 

Никогаш не пушете во автомобил

Нкогаш не е во ред да се пуши во автомобил, дури и тогаш кога децата не се со вас, бидејќи остатоците од штетните хемикалии и миризбата се налепуваат на седиштата. Тоа што ќе ги отворите прозорците може да помогне, но исто така струењето на воздухот може да го однесе чадот директно во лицето на вашето дете.

 

Замолете ги гостите да запалите цигара надвор

Тоа е ваш дом и имате право на чиста животна средина. Бидете љубезни но и цврсти во ставот дека заради децата пушењето во домот е забрането.

 

Чувајте ги децата подалеку од јавните места каде е дозволено пушење

Имајте во предвид дека и покрај забраната за пушење на јавни места, сепак има места каде пушењето е дозволено. Чувајте ги вашите деца од маса на пушачи на затворено место.

 

Замолете ја бебиситерката да не пуши

Ова може да биде тешко, особено ако бабите и дедовците кои пушат,  треба да ви го чуваат детето. Морате да останете цврсто на својот став, заради доброто на вашите деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Страв од одвојување
Дали вашето дете се чувствува нервозно кога треба да го напушти домот и да оди некаде без вас? Дали нервозата му предизв...
17
Љубомора поради новиот член
По некои истражувања идеална разлика меѓу две деца е 4 или 5 години. Постарото дете веќе не е толку љубоморно, па затоа ...
4
Подгответе сами - рецепт за јаболков оцет
Многу пати сте слушале за јаболковиот оцет и за тоа дека неговото користење во умерени количини е здраво. Токму поради о...
4
Исхрана на дете со аутизам
Познато е дека децата со аутизам се доста пребирливи кога е храната во прашање, но ниту телото не може да се бори против...
4




Анкета

Ve molam za sovet
zbuneta1

Brenena sum 4 meseci potocno 16 nedela ,ne abortiran na vreme zosto mi kaza deka ke bideme zaedno i na krajme ostavi sama.Pomoglete mi sto da pravam da go zadrzam ili da abortiram zosto i samata neznam sto bi bilo ispravno ?

da go zadrzam (88%)

ili ne (12%)


Број на сите гласови: 285

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!