namesp во 10:12
Како да блокирате испраќач на имејл пораки?
Metamorphosis Foundation , 28.3.2012
Како се прави тоа? Начинот на кој се изведува блокирањето на испраќач на имејл пораки до извесен степен може да зависи од вашиот имејл-провајдер. На пример:
- Во некои имејл-програми, постои копче „блокирај“ (block) во самото поштенско сандаче (inbox) во кое ви стига електронската пошта. Селектирајте го т.е. штиклирајте го квадратчето или крукчето во inbox-от кое се наоѓа веднаш до имејлот кој сте го добиле од личноста која сакате да ја блокирате. Потоа стиснете на копчето „блокирај“ односно “block” и на тој начин ја блокирате таа личност во иднина да не може да ви испраќа имејл пораки. Тоа значи дека сите пораки кои во иднина ќе бидат испратени до вас од адресата што сте ја блокирале нема повеќе да пристигаат во вашето електронско поштенско сандаче.
- Во други програми пак, за да блокирате некој испраќач треба да го додадете на листата “block senders” или „блокирај испраќачи“. Тоа исто така значи дека во иднина во вашето „сандаче“ за електронска пошта нема да пристигаат имејлови од тој испраќач.
Стискајќи на некоја од овие опции би требало да ви се отвори можност да ја преместите таа личност од вашата контакт листа во Листата на блокирани испраќачи (Blocked Senders List). Со стискање на оваа опција можете да бидете сигурен дека нема повеќе да добивате пораки од таа личност.
- Во Hotmail на пример блокирањето се прави така што се оди на опцијата “Options” и тука се одбира “Block senders” каде што се впишуваат адресите кои сакаме да ги блокираме.
- Кај Gmail, за да блокирате некој испраќач треба да одите во „Settings“, потоа да одберете „Filters“, па „Create a new filter“ и во полето „From” односно „од“ да ја напишете адресата која сакате да ја блокирате. Веднаш потоа стискате „Next step” и потоа го штиклирате полето “Skip the Inbox (Archive it)” или “Delete it”. Постапката ја комплетирате со стискање на “Create filter”. Откако сте го направиле ова, можете да бидете сигурни дека повеќе нема да добивате имејлови од таа адреса.
- Копчето „Block” некогаш може да се вика и “Ignore” така што ако десниот клик на глувчето не функционира, побарајте ја во “Preferences” оваа опција (“Ignore” или „Игнорирај“).
Ако не можете да се снајдете и не сте сигурни на кој начин се блокираат испраќачи во програмата за имејл која вие ја користите, обратете се до вашиот имејл-провајдер и прашајте. Или едносатвно прашајте некој за кој сметате дека може да знае.
Преземено: Безбедно на интернет
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживување, но за други вистински кошмар.

И додека некои жени сакаат да имаат привлечен маж, независно од тоа дали е грижлив, други сакаат покрај себе грижлив маж...

За среќа, постојат многу начини да се ослободиме од мравките, а најдобро е што повеќето состојки за елиминирање на мравк...

Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...
