namesp во 10:12
Како да бидете подобра мајка во 5 чекори?
Rachel Martin, 24.4.2015
Престанете да се споредувате. Им требате на вашите деца. Вие. Вие сте прекрасна мајка на вашите деца. Знам дека понекогаш чувствувате дека не сте доволно добра и дека се прашувате како заглавивте во овој круг со мало човече кои треба да го убедувате за се, па дури и за да остане во кревет. Да. Го разбирам тоа. Сум имала такви моменти во кои сум се прашувала дали сум квалификувана да ги одгледувам, да ги израснам и да им бидам мајка на моите деца. Но ви кажувам дека вие, баш вие и баш сега сте квалификувана да им бидете мајка. Вие, а не мајката која на фејсбук има направено идеални оброци за децата во перфектно чистата кујна.
Значи, нема веќе споредби. Нема веќе размислување – Ах, да бев како неа, животот ќе ми беше полесен и ќе бев подобра мајка. Не. Вие сте нивната мајка. Им требате и ве сакаат. Дури и кога ви викаат, ви ја трескаат вратата и се затвораат во соба. Дури и тогаш.
Сакајте се себеси. Водете грижа за себеси. Знам, малку е чудно, нели? Но вистина е. Вие морате да водите грижа за себеси во мисијата мајчинство. Не зборувам за тоа да си земете парче торта за себе. Чекајте. Постојат сезони во животот кога заслужувате слободно време. Нови мајки – сакам да го вкусите секое поединечно туширање кое го имате. Вкусете го и уживајте. Добро, чекајте уште еднаш – уживајте во 48-те секунди пред да ви тропнат на вратата и да викаат панично – МАМООООООООО!
Сериозно, одвојте време за себе. И сакајте се себеси, почитувајте се себеси. Одгледувајте ги вашите таленти и не им дозволувајте да исчезнат само заради тоа што сте мајка. Дозволете им да растат и да расцутат. Децата е добро да видат дека правите нешто што го сакате и дека се грижите за себе. Тоа треба да го запомнат, а не мајка која комплетно била надвор од себе. Одморот е добар. Смеењето е добро. Грижењето за себе е одлично.
Не очекувајте совршенство. Од себе. Од својот живот. Од своите деца. Од своите пријатели. Очекувајте се', само совршенство не. Животот е далеку од совршен, но тоа не го прави помалку убав. Ќе додадам само - несовршенството е тоа што го прави животот убав. Моментите во кои ќе ја откриете вашата сила и храброст и вашиот капацитет да сакате друга личност, не се случуваат кога се се одвива како подмачкано. Тоа се случува во тешките моменти, кога ќе ја откриете неверојатната сила во себе.
Најубавите моменти се во секундите на вдишување кога доживувате стрес. Кога паѓате, станувате и повторно и повторно се обидувате.
Оставете ги вашите деца да бидат деца. Тие се деца. Тие не се мини-возрасни, ниту мини копија од вас. Тие се единствени, прекрасни, неповторливи, луди, енергични, емоционални, плачливи, радосни, скокачи по кревети, независни и слободни луѓе. Но во овој момент тие се деца. Тие од вас учат какви треба да бидат кога ќе пораснат.
Но исто така, сега е време да бидат деца. Нивно е времето кога ќе прават неред низ куќата. Кога ќе си играат со боите, кога ќе трчаат во паркот, кога ќе креираат, градат, кога ќе се смеат и учат. Кога ќе трчаат, ќе скокаат ќе истражуваат. Децата треба да го изживеат детството до максимум. А вие мора да им дадете простор во кој ќе нема место за култура. Оставете ги децата да бидат деца.
Прославете ги малите нешта. Животот е колекција на мали моменти, мали застанувања на времето и здивот и тие го отсликуваат вашиот живот, вашата приказна, вашиот пат на мајчинството.
Гледањето во ѕвездите во темната ноќ, дозволувањето на детето на стави премногу рендан кашкавал на макароните, заедничкото играње во песок, читањето приказни пред спиење, едноставно, функционирањето како семејство. Вашето седум годишно дете ќе се прерадува и ќе помни ако му ставите екстра топка сладолед во чашата. Или ако му дозволите да поигра надвор уште 15 минути. Тие мали моменти се важни.
Пет чекори.
Ќе ви откријам една тајна. Вие веројатно ги правите сите овие работи.
Ги потенцирав, бидејќи не ги забележувате, а баш тие моменти ве прават прекрасна мајка.
Неповторливо храбра мајка. Неповторливо.
Овие деца растат. Вие добро си ја вршите работата. Ден по ден, еден по еден мајчински момент.
~Rachel
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Неделата за ментално здравје на децата се обележува од 1-ви до 7-ми февруари, 2021 година. Оваа година темата е "Изрази...

Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешк...

Мајки со деца можеме да видиме насекаде, но татковци - ретко. Ова се фотографии на славни татковци со своите мали дечиња

Како Ви оди шиењето копчиња? Ако имате кутија полна со копчиња, кои не одговараат на бојата на Вашата облека, еве неколк...
