|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Јас сум мајка која...

Непознат автор, 15.10.2012
Јас сум мајка која ги учи децата дека е убаво да се спие и дека нема потреба да се станува пред девет часот. Јас сум мајка која на детето, веднаш по утринскиот бакнеж, му пушта цртан филм бидејќи така добива бесплатен половина час за кафе...

image
/11


 

 

Јас сум мајка која го остава помалото дете да поплаче за на мир, со постарото дете да ги озборува бабата и дедото. Јас сум мајка која има куп садови за миење и облека за пеглање, која на крај завршува непеглана во ормар. И мајка која заедно со својата ќерка, на колена го брише подот во кујната. Јас сум мајка која престанала да ги опоменува децата дека  трошките леб, деловите од смоки и чоколадо не се јадат од подот.  Јас сум мајка на која детето и паднало од кревет, бидејќи било поподвижно отколку што сум се надевала. Јас сум мајка која од лего коцки може да направи се', па дури и Црвенкапа и волкот. И печурка. И дрво. И чекан за потоа се' да расипеме. И мајка која ги знае сите епизоди на Ноди напамет и мајка која знае каде исчезнале Телетабиси. И мајка која ќе ја изеде последната коцка чоколадо, а ќе му каже на детето дека нема повеќе бидејќи таа се изела. И мајка која во спалната соба ќе подигне шатор за спиење бидејќи се е затнато и нема каде да се помине. И мајка која во секоја минута знае која играчка каде е.

Јас сум исто така мајка која понекогаш заборава да му даде вечера на детето, па не може цела ноќ да спие од мака, бидејќи се плаши што детето спие гладно. И мајка која понекогаш намерно го прескокнува бањањето на детето бидејќи е уморна. Но мајка сум која никогаш не ја прескокнува приказната пред спиење, иако на сред раскажување ќе заспие. Јас  сум таа која наутро го остава детето на цимоли, бидејќи такво изгрејсонце просто мора да се фотографира. Јас сум мајка која скоро секогаш заборава да му даде на детето Д3 капки и заборава да го намачка со средство против комарци и го заборава кремот за сончање...Мајка сум која понекогаш на детето му дава сладолед за вечера. Да и за тоа сум виновна. Мајка сум која го остава детето во паркот да се бори за своите права и да се расправа со другите деца, а радо би скокнала некому да ја откине главата. И мајка која го пушта детето на тобоган, а потоа шокирано го гледа како се спушта и го дочекува со огромно “Бравоооооооо!!!”.

Мајка сум која им ја дава празната амбалажа на децата да си играат, а потоа гледа како станот и се претвора во депонија. Но се' ни треба...И мајка која на 32 години си купува плав лак за нокти со светки, бидејќи знае какво воодушевување ќе предизвикаат плавите нокти на мама. Исто така, јас сум мајка која може да не спие 4 дена и 4 ноќи, да седи на креветот и да го држи за рака своето болно дете. И мајка која и кога е нај уморна и најмногу и се спие, ќе стане за да го смири своето уплашено дете кое сонувало крокодил. Јас сум мајка која нема по 20 години да ја земе книгата во раце и да рече “Ова ве одгледа”. Јас сум мајка која ќе застане пред нив и ќе рече “Јас ве одгледав. И грешев. И се мачев. Но затоа сега сте искрени луѓе кои ги обожавам и кои ме обожаваат. А сега губете се и бидете среќни! ”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детски хороскоп: Дете Риба
Сонливи, емотивни, недоверливи...Како да ги одгледувате децата родени во знакот Риби?
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Препознајте ја дисграфијата кај вашето дете
Дисграфија претставува неспособност на детето да ја совлада техниката на пишување. Тешкотиите, односно грешките, се прис...
3
Шест родителски грешки, кои им пречат на д...
Во обид да им помагаат на своите деца, родителите често ги прават истите грешки.Тие можат да влијаат негативно на нивнат...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?