vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Несовршената мајка некогаш не може наутро да стане од кревет, бидејќи бебето плачело цела ноќ заради забче, болест или некоја причина која научниците сеуште не ја откриле. Несовршената мајка се буди укочена бидејќи прекрасниот злочко се пикнал во она што некогаш се викаше брачен кревет. Освен што спие тука, туку и се раширил по хоризонтала оставајќи и на мама само 10 сантиметри простор, така што пола задник и виси надвор.
Несовршената мајка ќе го остави детето еден час да гледа ТВ (иако експертите тоа не го препорачуваат), а за тоа време ќе подготви ручек, ќе ги измие садовите, ќе вклучи перална и друго.
Несовршената мајка јаде како Етиопјанин, стоејќи, без непотребното џвакање. Несовршената мајка ќе се исправи пред проектилот од храна, бидејќи кашичката полесно се чисти од косата, трепките и веѓите, отколку од ѕидот.
На несовршената мама и паѓа преполната пелена со покаканата страна на под, а потоа и загорува ручекот бидејќи брише каки од подот. Несовршената мајка ќе излезе од дома и во строгиот центар на градот ќе забележи дека има повраќаница на тренерката. Кога несовршената мајка ќе ја прашаат дали се стрижела, таа одговара “Не, само ја измив косата.”
Несовршената мајка ќе развлече насмевка на усните, зад која чкртаат заби секогаш кога нејзиното милениче вришти на гости, им вришти на гостите, трча по супермаркет туркајќи скапи производи, а потоа легнува на сред улица. Ќе ја наведне главата кога минувачите мислат “Боже, преземи нешто”.
Ако се пронајдовте во некоја ситуација Ви честитаме, несовршени сте!
Кога сите ќе заспијат турете си чаша вино, дигнете ги нозете и наздравете во своја чест. Помина уште еден СОВРШЕН ден.
Извор: NajboljaMamaNaSvetu
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...