Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Oткриена е во 1982 г. од двајца Нобеловци - Barry Marshall и Robin Warren, кај пациент со желудочен чир и гастритис, за кои дотогаш се верувало дека имаат непозната бактериска етиологија.
Епидемиологија
Најновите истражувања говорат за распространетост на инфекцијата кај дури 56% од светската популација со најголема преваленца во неразвиените земји, како резултат на лошите санитарни услови. Во западните земји таа бројка е значително помала поради високите хигиенски стандарди, како и широката употреба на антибиотиците. 65% од болните се на возраст од околу 60 години, а само 25% се на возраст од околу 30. Невообичаено за оваа инфекција е нејзиното спонтано адаптирање и ерадицирање. Познато е феко-орално, како и оро-оралното ширење на инфекцијата. Многу ретко таа може да се пренесе и при интервенција со евентуално заразени и не добро стерилизирани ендоскопски инструменти.
Патогенеза на инфекцијата
Хеликобактеријата е спирална, грам-негативна бактерија која поседува 4-6 флагели (опавчиња) заради кои е лесно подвижна. Произведува неколку видови ензими: охидаза, каталаза, уреаза (важен фактор во дијагностиката). Локализирана е во слузницата на антрумот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении. Со цел да ги избегне неповолните услови во луменот на желудникот (многу ниската pH), бактеријата со своите флагели и принципот на хемотакса навлегува низ слузта која ја лачат клетките на гастерот, се подлабоко кон епителните клетки на гастричната слузокожа каде што владее понеутрална pH средина. Често бактеријата навлегува и во внатрешноста на самите клетки. За да ја преживее неповолната желудочна средина развила уште еден значаен механизам на неутрализација на киселиот желудочен сок. Со помош на ензимот уреаза ја разградува уреата која ја лачи желудникот на јаглероден диоксид и амонијак, кој заедно со другите штетни материи врши оштетување и воспаление на слузокожата.
Симптоми и клинички манифестации
Околу 80% од инфекциите се асимптоматски. Акутната инфекција може да се манифестира како акутен гастритис – Gastritis acuta, со епигастрична болка - болкa во „лажичката”, жарење и печење во пределот на желудникот, киселина, горуштица, чувство на надуеност, гадење и повраќање, а сето тоа не ретко може да доведе до појава на гастричен рефлукс – Reflux gastro-oesophagealis. Доколку болеста не се лекува во оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис - Gastritis et duodenitis chronica, кои понатаму може да предизвикаат појава на улцерации (чиреви) на желудникот и дванаесетпалечното црево - Ulcus ventriculi et duodeni (20-30% од инфицираните). Тоа се два сериозни ентитети кои може да бидат животозагрожувачки доколку настане нивна перфорација, крварење и појава на црна столица (мелена), како и повраќање на црна содржина како талог од кафе (хематемеза). Нетретираната инфекција понатаму имплицира развој на хроничен атрофичен гастритис, со понатамошни ефекти врз хематопоетскиот систем (пернициозна анемија) и невролошки секвели. Долгогодишно присуство на оваа бактерија во желудникот предизвикува атрофија на слузницата и неретко појава на желудочен карцином – Carcinoma ventriculi (аденокарцином, МАЛТ лимфом) кај 1-2% од инфицираните.
Дијагностички методи
Методите за идентификација на инфекцијата можат да бидат инвазивни и неинвазивни.
Терапија
Лекувањето се спроведува со т.н. тројна или тривалентна терапија во период од 1-2 недели (околу 10 дена). Оваа терапија подразбира третман со два различни антибиотика и еден инхибитор на протонска пумпа кој го намалува лачењето на желудочната киселина. По десетдневната тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонска пумпа за извесен период. Доколку бактеријата перзистира и покрај редовно користената терапија и пациентот има и понатаму симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците, или пак се користи и т.н. четиривалентна терапија, во која влегува и бизмут.
Се употребуваат повеќе варијации на антибиотици и инхибитори на протонска пумпа кои имаат различна ефикасност. Најчесто користени антибиотици се: clarithromycin или azithromycin во комбинација со amoxicillin и metronidazole за пациенти алергични на пеницилин. Во поново време се почесто се употребува и levofloxacin кој има доста потентно антихеликобактерно дејство. Инхибиторите на протонска пумпа кои најчесто се користат се: omeprazole, pantoprazole и поновиот esomeprazole.
Бидејќи од ден на ден расте антибиотската резистенција на бактеријата, стратегијата за ерадикација на хеликобактер-инфекцијата треба да се движи кон превенција на колонизацијата на бактеријата. Познати се студии кои го откриваат антихеликобактер дејството на брокулата, црвеното вино, лукот, зелениот чај, како и на пробиотиците и флавоноидите. Во таа насока, во последниот период доста интензивно се работи и на откривањето на вакцина против хеликобактер пилори.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?