|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Големото срце на македонката Флора!

Najbolja mama na svetu, 30.3.2012
Статија која говори за хуманоста на една македонка, објавена на сајтот Najbolja mama na svetu. Флора навистина го заслужува тој епитет. Прочитајте зошто.

image
/11


 

 

Можеби не сум најдобра мајка на светот, но среќна сум што имам големо срце. Еве, ќе ви раскажам...

Завршив со своите обврски околу моите деца. Во еден момент се соочив со самотијата. Ќерка ми се омажи и има свое семејство во Германија и има две машки деца. Веќе десет години сме разделени. Син ми се ожени и тргна по својот пат. Се пресели во друг град, бидејќи снаата таму има своја фирма. Така ние останавме сами, а сеуште сме млади.

Немаше кој да тропне на нашата врата и на оваа куќа да и го врати веселиот дух, некој да скокне, да тропне со фиоките и плакарите, или да побара нешто. Едноставно, се што создадовме почна да се гасне. Останавме сами.

Една вечер се сетив на една емисија која говореше  дека има многу незгрижени деца, од различни причини. Размислувајќи за нив отидов во центарот за социјална работа и им ја раскажав својата приказна. Една госпоѓа таму ми рече: “Што ќе ти се деца? Ти го заврши своето. Точно е дека државата дава пари за семејствата кои ќе ги згрижат овие деца, но тебе не ти е до пари. Имаш убава куќа, автомобил, имаш и свој магазин... ”

Тогаш се сетив на зборовите на една песна, не знам кој ја пее... и богатите плачат...имаат се' но немаат кој да им се насмевне. Останав на своето барање, се' беше уредно запишано, а јас ја поднесов сета потребна документација.

После тоа чекав долго.  Еден ден, кога ми се угаснаа сите надежи за остварување на овој мој сон, осамна необично убаво утро.  Заѕвони телефонот. Тоа беше жената од Центарот за социјална работа: “Ало. Дали си подготвена за тоа што го бараше? Има многу деца за тебе, тројца браќа. Ќе го исполнат твојот дом”. Не знаев што да правам, како да реагирам и од каде да почнам. Ми дадоа 24 часа да се подготвам, бидејќи децата не беа од моето место.

Отидов. И имаше што да видам. Три прекрасни момчиња. Тука беа и нивните родители, но не можеа да се грижат за нив. Видов голема сиромаштија и многу, многу глад. Немаше љубов ниту топлина. Но и покрај тоа, се плашев дали некогаш ќе можат да прифатат друга средина, друг дух, друга топлина и друга љубов.

Ги одведов дома. Три недели бдеев над нив додека спиеја. Си велев дека тие никогаш не мора да се навикнат на мене, но јас морам да се навикнам на нив. Но се случи, тие сами посакаа да ме викаат...мама.

Јас и мојот сопруг сме најсреќните луѓе на светот. Имам само уште една желба. Се случи сите во семејството да имаме само машки деца. Син ми и ќерка ми исто така имаат по две момчиња. Во мене има уште сила и можеби еден ден  ќе добијаме девојчиња во семејството. Посакувам да ми се исполни таа желба.

Можеби не сум најдобра мајка на светот, но имам срце и душа за овие момчиња.

 

 

Извор: Najboljamamanasvetu

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Логопедски игри за деца со развојни потешк...
Логопедски игри за развивање на сознајните функции и способности на мозокот кај децата, или развивање на елементарните ...
6
Десет совети како да бидете добра мајка
Секоја мајка барем еднаш се запрашала дали е добра во таа улога , дали прави се' како што треба, или може да биде уште п...
4
Груб моторен развој II
Стандард 2: Детето може да ги контролира деловите од телото
3
Учење на далечина: 10 златни правила
Проверете ги десетте златни правила што ќе му помогнат на вашиот ученик полесно да го помине ова учење од далечина
3




Анкета

Избор на име
Кона

Кое ви е најубаво од следните имиња?

Огнен (22%)

Симон (31%)

Марко (46%)


Број на сите гласови: 99

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!