|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

gjurgjica9: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 17.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/21


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: gjurgjica9

Датум на породување: 29.10.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница Марибор

 

Еве ја и мојата приказна.

Во февруари 2010 бев изненадена што циклусот ми доцнеше, не очекував да сум бремена, после толку обидување. Но циклусот го немаше 7 дена, а јас возбудена отидов да купам тест. Со насмевка на лицето и пресреќна трчав накај дома. Го направив тестот и замислете двете предолго чекани црти се појавија. Плачев. ПРЕСРЕКНА одма му ја соопштив веста на мажот ми и на ќерка ми, бидејќи веќе имам родено, чекав второ дете. Долгите 9 месеци започнаа со потешкотии, со мачнини. Бидејки сум од Македонија, а живеам и работам во Словенија, не знаев како се' ќе помине. Секако, го посетив мојот гинеколог тука во Словенија и за прв пат го видов бебето.

Поминуваа месеци, а јас едвај чекав мојот ангел да е покрај мене. Влегов  во 9-ти месец и еве ти потешкотиии. Јас веќе отворена 2-3 см, а терминот за породување  беше 24 ноември. Како и секоја мајка ме фати паника. Морав  да лежам, да одмарам. НА 29 октомври имав закажано ЦТГ. Отидовме заедно со маж ми и се беше нормално, бебето беше мирно, спокојно, се беше во ред. Се вративме дома и јас добив некоја желба за чистење по дома, уживав. Некаде околу 13 часот почувствував јака болка во стомакот, како нешто да падна од мене. Се исплашив. После 5 мин. почна да течи вода од мене. Тоа е тоа, си реков. Ми пукна водењакот. Бидејќи веќе бев отворена морав што побрзо да одам во болница. А јас пресреќна што наскоро ќе го видам моето бебе. Ме примија на одделение, кое секако е многу поразлично од тоа во Македонија, ме сместија во собата и бабицата дојде да ме прегледа. Ништо, само 3 см. отворена и ништо повеќе. Испаничив! На саат време докторката идеше и ме прегледуваше и пак ништо. Ме приклучија на ЦТГ, но никакви знаци дека бебето ќе излези надвор. И така си лежев , го слушав отчукувањето на срцето на мојот мал ангел. Не поминаа неколку минути дојде сестрата и ми даде инфузија и инекции да можам да добијам болки, но пак ништо. Почнав да чувствувам  јаки болки, неиздржливи, мачни, а никако да се отворам. И се така до 20 и 30 мин кога дојде да ме посети бабица. Ме прегледа и ми рече ако за пола саат не се отворам ќе ме прати на царски рез бидејќи детето не може да издржи, може да се загуши. Ме фати паника. Веќе бев исцрпена од напорните болки, кога одеднаш се појавија во мојата соба сестри, доктори. Ми рекоа дека е време, а јас немав веќе сила за ништо. И така со помош на предобрата и упорна бабица и со најпрекрасните сестри во 21 и 15 дојде на свет мојот ангел Филип. За момент го здогледав, беше прекрасен. Сите болки, сите маки веќе беа заборавени. Тежеше 3400гр. и долг 52 см. Бидејќи беше роден во 37 недела во Словенија го сметаа како недоносено бебе, па одма ми го однесоа на интезивна нега. Беше таму 2 дена па конечно ми го донесоа во собата, а јас не можев да поверувам дека моето бебе е покрај мене. Останавме уште некој ден во болницата бидејќи Филип имаше жолтица.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Филип !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога започнува утринската мачнина во бреме...
Утринската мачнина е еден од најчестите рани симптоми на бременост. И покрај името, таа не се јавува само наутро, може д...
15
Стефанија Ангелова Митева: Мојата породилн...
Моментот кога јас се претворив во ние
6
Скриени или почетни симптоми на бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто првото нешто што се спомнува е изостанувањето на менструацијата. Но телото честоп...
4
Бојадисување на косата и бременоста
За многу жени, бојадисувањето на косата е дел од рутината за лична нега. Но кога ќе дојде бременоста, се појавуваат праш...
4




Анкета

pomos koe ime da go izberam
koceva aleksandra

stvarno neznam koe ime da go izberam i dvete podednakvo gi obozavam

sara (75%)

eleonora (25%)


Број на сите гласови: 186

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!