|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Елена Мазниковска: Киселини во бременоста

Елена Мазниковска, 21.7.2020
Како што секое дете е приказна за себе така е секоја бременост со себе носи своја приказна.Со оглед на тоа што сум во седмиот месец од мојата трета бременост лично се уверив во ова

image
/11


 

Желудочните киселини се чест проблем со кој се соочуваат трудниците.
Тие може да се добијат во било кое време од денот, но во мојов случај обично ноќе. Во првиот триместар најчесто се појавуваат поради наглите промени во хормоналните нивоа. Со напредувањето на бременоста и растењето на бебето киселините се зголемуваат бидејќи плодот турка кон дијафрагмата. Притискањето го попречува нормалното затворање на вентилот на желудникот, што е исто причина за киселини.
Јас како трудница, а верувам и сите бремени жени за било кој здравствен проблем се осврнувам кон природните лекови, кои во мојов случај ми помогнаа. Првенствено се откажав  од јадење доцна, последниот оброк ми е најмалку 3 часа пред одење во кревет.
Исто така ми помага и тоа што спијам подигната, односно на повисока перница.
Избегнување на зачинета храна исто помага, но оние главни "лекови" во мојов случај се јаболко и зрна ориз (не подготвен) кои ги пијам со вода како лек. Во првата бременост некој ми кажа за ова и си реков зарем ќе можам ориз не подготвен да голтам, глупости, ама испадна дека тоа најмногу ми помогна дури повеќе и од лековите кои ми ги препорача лекарката.
Исто така избегнувам храна која приметив дека допринесува до тоа да имам киселини.

 

 

View this post on Instagram

Желудочни киселини во бременост Како што секое дете е приказна за себе така е секоја бременост со себе носи своја приказна.Со оглед на тоа што сум во седмиот месец од мојата трета бременост лично се уверив во ова. Желудочните киселини се чест проблем со кој се соочуваат трудниците. Тие може да се добијат во било кое време од денот,но во мојов случај обично ноќе.Во првиот триместар најчесто се појава поради наглите промени во хормоналните нивоа.Со напредувањето на бременоста и растењето на бебето киселините се зголемуваат бидејќи плодот го турка плодот кон дијафрагмата.Притискањето го попречува нормалното затворање на вентилот на желудникот, што е исто причина за киселини. Јас како трудница,а верувам и сите бремени жени за било кој здравствен проблем се осврнувам кон природните лекови кои во мојов случај ми помогнаа.Првенствено се откажав од јадење доцна, последниот оброк ми е најмалку 3 часа пред легнување што често ми паѓа тешко бидејќи нели бебето не одбира кога му се јаде Исто така ми помага и тоа што спијам подигната, односно на повисока перница. Избегнување на зачинета храна исто помага,но оние главни "лекови" во мојов случај се јаболко и зрна ориз(не подготвен) кои ги пијам со вода како лек.Во првата бременост некој ми кажа за ова и си реков зарем ќе можам ориз не подготвен да голтам, глупости,ама испадна дека тоа најмногу ми помогна дури повеќе и од лековите кои ми ги препорача лекарката. Исто така избегнувам храна која приметив дека допринесува до тоа да имам киселини. Како поминавте вие мамички во бременоста,го имавте ли и вие непријатен проблем?

A post shared by Мазниковска Елена (@mother.of.two.daughters) on Jul 20, 2020 at 11:27am PDT

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како недостатокот на сон го „збунува“ детс...
Недоволниот сон кај децата не влијае само на расположението и концентрацијата.
32
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Го искачија Триглав на неполни две години
На неполни две години близначките Ана и Ања го искачија Триглав
4
Тврда столица (опстипација)
Опстипација, односно запек е еден од понепријатните проблеми со кои родителите честопати се сретнуваат. Претставува ретк...
4




Анкета

Кое име е подобро
Gringo

Се двоумиме :) ова ни е прво бебче

Павлинка (8%)

Павлина (28%)

Паола (64%)


Број на сите гласови: 148

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!