namesp во 10:12
Драго мое првороденче, прости ми...
Редакција Рингераја, 3.10.2015
Дали страдате од скапоцениот синдром – првороденче?
Да се биде мајка за прв пат е тешко од неколку причини – првично заради тоа што немате поим што правите и што треба да правите...
Се сеќавам дека седев на каучот, кога моето бебе имаше шест недели. Свекрвата ми беше во посета и моето бебе почна да плаче. “Какво е тоа плачење, за мама ли плачеш?” – праша таа гледајќи ме. Јас ја зедов својата шолја чај, се напив една голтка и промрморев: “Хм, не сум сигурна што точно значи неговото плачење”, реплицирав со кул тон на гласот. Вистината беше дека не ја знаев разликата меѓу “Гладен сум” плачење, “Уморен сум” плачење и “Само сакам да си плачам” плачење.
Ако сум потполно искрена со вас, кога станав мајка не знаев многу за бебињата, всушност не знаев ништо. Можете да читате книги за родителство цела бременост, можете да ги посетувате сите курсеви за мајчинство и доење, но сепак ќе бидете на колена кога вашето првороденче ќе дојде на свет. На непозната територија сте бидејќи не спиете повеќе од три часа на ден, бидејќи мозокот ви е во хаос и тешко ви е да ги држите очите отворени и тешко кореспондирате со реалноста во која сте.
И секако, ова доаѓа на сметката на новороденчето.
Ако најдам време ќе седнам со моето бебе во раце и ќе почнам да му се извинувам за грешките кои ги направив и ќе му кажам колку ми е жал што првите неколку ноќи плачеше без престан, а јас не знаев дека дома е многу ладно за него. Ќе му се извинам што пропуштив да препознаам толку многу знаци, дека не добива доволно мајчино млеко, во текот на втората недела од неговиот живот. Ќе му се извинам што не успевав да го смирам во долгите ноќи, што викав во средината на ноќта и што се чудев зошто плаче, не сфаќајќи дека поминале три часа од неговото последно доење.
Се колнам и ветувам, ја ставам својата рака на срце и велам: Ќе му бидам подобра мајка на второто дете.
Сепак знам дека не сум првата мајка, а нема да бидам нити последна, која нема идеја што прави во првите денови со првороденчето, па и во првите недели и месеци. Сум разговарала со многу мајки и ми се чини дека сите тие имаат за што да му се извинат на своето бебе. Собрав неколку извинувања од мајките до своите бебиња и знам дека ќе се најдете и вие во нив:
1. Извини што мислев дека ако те држам буден цел ден, ќе спиеш цела ноќ.
2. Извини што викнав толку силно од возбуда и те исплашив, кога го чув твоето прво гугање.
3. Извини што не знаев дека треба да те хранам толку често во првите денови и што изгуби од својата килажа во првата недела.
4. Извини што те кревав во раце секогаш кога беше преуморен и те хиперстимулирав да се разбудиш, бидејќи ти имав предвидено време за спиење. Требаше да те оставам да спиеш кога сакаш ти.
5. Извини што не ги следев своите мајчински инстикти, туку се водев по напишаните книги и совети од другите.
6. Извини што те направив како прасенце.
7. Извини што останав бремена кратко по твоето раѓање и што не ти дадов повеќе од мене.
8. Извини што бев толку зафатена со обврски и не те држев повеќе во раце.
9. Извини што толку долго инсистирав да спиеш во своето креветче, пред да те ставам да спиеш слатко и спокојно до мене.
10. Извини што генерално бев изгубен случај.
Но, иако ние мајките правиме грешки одвреме-навреме, никој не може да ја стави под знак прашалник количината на љубов која ја чувствуваме во нашите срца, за нашите скапоцени бебиња. Не поминува ден а да не гледам без престан во него додека спие, да не ги бакнам неговите слатки црвени обравчиња, да не ја галам неговата плава виткана коса и да не му кажам дека мамичка го сака повеќе од се друго на светот.
Драго мое новороденче, прости ми што немав идеја што правам. Прости ми што континуирано правев грешки. Но ти ветувам, секогаш ќе те сакам и секогаш ќе бидам тука за тебе. Ние во ова сме заедно...
Автор:
Дали и вие имате за што да му се извините на вашето бебе?
Пишете ни и ќе ви олесни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Летото е време за одмор, освежување и забава покрај базен, но зад кристално чистата вода често се кријат невидливи опасн...

Леблебијата или наутот е исклучителна намирница богата со нутритивни вредности. Се употребува уште од древните времиња, ...

Таа можеби ќе се преправа дека не ја интересира. Ќе го крене рамото или ќе рече „знам сe“. Но внатрешно, веројатно има с...

Градиме пријателства, собираме сликички и одиме во Берлин во зоолошката градина!
