|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детски игри за поттикнување на креативноста

Редакција Рингераја, 27.11.2017
За детето да не го поминува слободното време пред екраните од мобилните телефони или таблети, експертите советуваат родителите со нив да играат игри и со тоа да ја стимулираат нивната креативност
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Ова се примери на игри кои можете да ги играте со децата. Некои се наменети за помали деца, но повеќето може да се прилагодат на возраста и полот. 

1. Кретивни игри на создавање

Земете различни материјали од домот – хартии, кутии, пластика. Дајте му на детето да направи што ќе посака. Дајте му многу бои и различни материјали и така ќе го поттикнете неговото фантазирање. 

2. Збор по збор – приказна

Почнете ја играта така што ќе изговорите еден збор кој ќе биде првиот од реченицата. Следното лице мора да го повтори првиот збор и да додаде свој. Третото лице мора да ги повтори претходните два збора и да додаде свој за целата реченица да има смисла и редослед. 

3. „Каладонт“

Традционална игра, која е забавна и интерактивна. Изговарањето на зборовите се надоврзуваат на претходните два слога, на пример: кукла – ластовичка – камера итн. 

4. Драмски игри

Предложете им на децата да глумат, некого или нешто, или на картички напишете поими и ликови кои треба да се одглумат. На тој начин ќе ви биде позабавно бидејќи ќе мора да се погоди кои сте вие. 

5. „Погоди кој“

И оваа игра е слична како претходната, но е наменета за постари деца. Секе лице кое учествува на лист запишува име на позната личност. Листовите се делат па со самолеплива хартија ги лепите на чело за да не видите кое лице „сте го добиле“. Играта се игра во круг, па секое лице треба да поставува прашања, а одговорите се само со „да“ и „не“. 

6. „Следи го лидерот“

Кажете му на детето дека тој е лидерот. Нека се движи, зборува и гестикулира по желба. Останатите мора да ги следат неговите движења и да ги повторуваат, а оној кој ќе погреши излегува од игра. 

7. „Допри нешто жолто“

Кажете му на детето да допре нешто жолто и тоа треба да се движи низ просторијата и да пронајде жолто парче мебел или предмет. Потоа, продолжете со друга боја или материјал. Ова е добра игра за повторување на боите и размислување. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
6
Не ја сакав жена ми кога се венчавме...
Јас сум смешен, eмоционален, надпросечно сентиментален тип. Претпоставувам затоа и реков на жена ми дека ја сакам на вто...
4
Ангелот на едно дете
Си беше еднаш едно дете кое се подготвуваше да дојде на свет...
4
Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali se hranite zdravo?

Da (67%)

Ne (33%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!