|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Да, моето дете спие со мене во кревет!

Laura Lifsic, 21.7.2021
И не, не ме интересира што мислите вие за тоа
Клучни зборови:

image
/11


 

Од некоја причина луѓето многу сакаат и уживаат да ги коментираат одлуките на другите родители, посебно кога станува збор за спиењето. Кога ќе речам дека мојата ќерка повремено спие со мене во кревет, другите родители, непознати лица, членови на семејството и пријатели ме погледнуваат како да кршам еден од 10-те Божји заповеди. Иако сум претерано религиозна, прилично сум сигурна  дека не постои заповед која вели: “Не спиј во ист кревет со своите синови и ќерки”. Или можеби јас сум пропуштила нешто?

Не разбирам во што е работата? Зошто толку грижа околу тоа што мојата четиригодишна ќерка спие со мене? Ќе застане ли светот заради тоа? Или таа ќе стане некакво чудовиште затоа што сака ноќе да се затутка до мама?

Дали нечиј живот е загрозен од тој избор?

Всушност – не е!

Мојата ќерка и јас понекогаш спиеме заедно бидејќи таа по малку се плаши од мракот во нејзината нова соба. Мојата ќерка и јас понекогаш спиеме заедно бидејќи си недостасуваме кога таа е кај татко и (нејзиниот татко и јас сме разведени и го делиме старателството). Понекогаш, кога ќе видам колку брзо расте, ми недостасува што повеќе не е бебе и ми недостасуваат оние денови кога спиеше на мене.

Некогаш одамна луѓето спиеле заедно за да се затоплат и на никого не му било необично кога ќе види дете кое спие со родителите. Во ова современо време, кај новите генерации на родители, мислењата се поделени. Некои се изречно против спиење со децата, додека другите го поддржуваат тоа во потполност. И секој има право на свое мислење, но она што секогаш се прашувам е: зошто на некого му е галје што прават другите родители?

Ако вие не сакате да спиете со своето дете во ист кревет – немојте. Но оставете ме мене!

Не превртувајте ги очите и не ми велете дека детето никогаш нема да се одвикне од спиењето во мојот кревет.

Дали вие навистина мислите дека мојата ќерка кога ќе биде во својата прва озбилна врска или брак, ќе сака да спие со мене? Дали навистина мислите дека ќе има желба да спие со мајка и кога ќе ја добие својата прва менструација? Ќе бидам среќна ако не ме стави на некоја “mute” опција.

Децата се само еднаш деца и секој родител знае дека се битија кои се зависни од нас. На бебињата им се потребни родители. На децата им се потребни родители. И така треба да биде.

ЕДнаш ќе пораснат и ако ние родителите ја завршиме нашата работа како што треба, ќе станат независни. А до тогаш ние им требаме нив, а на некои деца им сме попотребни ноќе отколку дење. Ако имаат потреба да спијат со нас, ние ги исполнуваме нивните потреби, бидејќи наша задача е да бидеме покрај нив.

Понекогаш прегратката на мојата ќерка ми е попотребна менер, отколку нејзе.

Задоволство ми е да и допуштам на мојата ќерка да спие во мојот кревет, кога ќе видам дека тоа и е потребно. Драго ми е што покрај мене се чувствува сигурно и безбедно. И до сега, моето дете е независно таман колку што треба да биде. Но и поврзано со мене, таман колку што треба.

И на крај, мене не ме интересира дали вашите деца спијат во вашиот кревет или не. Она што го правите во вашата куќа е ваша работа и додека не го повредувате вашето дете, правете што ви е волја. Затоа ве молам да не превртувате со очите, да не коментирате и да не ме гледате зачудено кога ќе ви кажам како го одгледувам своето дете.

Ако спиењето со детето во ист кревет е злочин, тогаш правам кривично дело наречено – градење однос со своето дете. Но насмевката на мојата ќерка зборува многу повеќе од вашите совети.

Така што извинете ме, се изјаснувам за недолжна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4
Што треба да јадат немирните деца?
Истражувањата потврдија поврзаност на лошата исхрана со пореметувања во однесувањето, дури и со помал коефициент на инте...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?