vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
“Некогаш одамна беше разбирливо да се ценат буцкастите деца, бидејќи децата воопшто беа неухранети и владееше глад. Тоа всушност беше знак дека добро Ви оди” изјави Ерин Хаџер од Универзитетот во Мериленд чие истражување покажа дека споредбата на буцкасто со здраво дете е се уште присутна.
Во кругот на истражување 280 мајки требало да погледнат фотографии на мали деца во пелени со различна телесна маса, од неухранети до дебели и да изберат која слика е најблиска до телесната тежина на нивното дете.
Околу 70% од жените погрешно ја процениле тежината на своето дете, а најголема грешка во проценката направиле мајките на подебелите деца.
Истражувањето покажало дека 20% од мајките на деца со нормална тежина и многу мајки на подебели деца сакале нивните деца да бидат буцкасти.
“Тоа сугерира на фактот дека имаме многу родители кои се обидуваат да ги здебелат своите деца. Децата кои ќе добијат на тежина како мали ја задржуваат прекумерната тежина подолго и имаат шанса да бидат дебели за време на адолесценција и кога ќе станат возрасни”, изјави Стивен Кук од Универзитетот во Рочестер.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...