|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајката знае најдобро: лекции за ќерките!

Редакција Рингераја, 5.6.2013
16 работи кои треба да ги знаат малите и големите девојки
Клучни зборови:

image
/11


 

-        Немојте да тежнеете кон популарност, бидете задоволни и прифатете се такви какви што сте!

Со текот на годините ќе сфатите дека лицата кои ги сметаме за популарни се всушност несигурни во самите себе. Денешната младина се труди да биде опкружена со другите за да ја сокрие сопствената несигурност. Кога ќе се прифатите такви какви што сте, нема повеќе да сакате да се поистоветувате со лицата кои глумат дека се нешто што не можат да бидат.

-        Секој ден изедете го својот десерт

Секој ден имате право да се наградите со десерт. Не мора на тоа да гледате како на награда, туку како на привилегија. Со уживањето во тој мал ритуал, си го засладувате животот.

-        Барем еднаш дневно кажете НЕ!

Немојте постојано да им угодувате на луѓето. Чувствувајте се слободни да кажете не. Со тоа се почитувате себеси и својата енергија.

-        Не чувствувајте вина ако одите да се забавувате

Мајката понекогаш сака да ја оставите, да патувате каде сакате и да ја развеселите со разгледница. Таа не Ве родила за да биде Ваш товар. Нејзината љубов секогаш е со Вас, независно дали сте 20 или 20,000 километри далеку.

-        Апсолутно сте во право кога велите дека училиштето е досадно

Информациите добиени во училиштето знаете дека нема да можете да ги искориистите во вистинскиот живот. Сепак, трпението кое го стекнувате со седење во клупата, дисциплината и истрајноста ќе бидат основа за соочување со проблемите кои ги носи животот.

-        Не чекајте за секс до бракот

Чекајте додека не сретнете некој кој Ве прави среќна, Ве засмејува, Ве почитува, Ве држи за рака и не се плаши да се насмее пред Вас.

-        Кога нешто ќе Ви се допадне при шопинг, размислете пред да го купите

Преспијте, вратете се следниот ден и ако сеуште Ви се допаѓа – купете го.

-        Одберете нешто во што верувате

Ако имате верба, тогаш имате и надеж, а ако имате надеж тогаш секогаш ќе најдете решение. Кога ќе го пронајдете вистинскиот пат, не се откажувајте.

-        Верувајте му на внатрешниот глас, пеперутките  во стомакот и трнчињата во рацете

Таквите чувства не се само надворешни дразби. Немојте да ги преиспитувате, туку секогаш верувајте во себе.

-        Истрижете се кратко барем еднаш

Секако барем еднаш во животот истрижете се кратко и почувствувајте ја слободата.

-        Пронајдете своја јога

Не бараме од Вас да се занимавате со јога, но Ви посакуваме да најдете нешто што ќе го смири Вашиот ум и на што ќе може да се посветите. Пронајдете нешто што ќе Ви помогне да одржите врска меѓу мозокот и телото и здравото функционирање, бидејќи без тоа не можете да пронајдете рамнотежа.

-        Искористете ги своите потенцијали!

Бог на сите нас ни подарил по некој потенцијал – само мора да си го пронајдеме. Но како? Гледајте на животот како на патување, учете што повеќе можете, играјте и изразувајте се, слушајте и патувајте колку можете. Вашиот потенцијал е во Вас, му треба само искра за да се претвори во пламен.

-        Доживувајте го светот низ очите на дете

Уживајте во оние мали, детинести работи, без оглед на годините. Потпрете го носот на стакло кога врне дожд, соберете интересен лист од улица и уживајте во работите кои ги прават децата среќни.

-        Пишувајте

Вашите мисли и чувства се многу важни – најдобар водич ќе најдете во себе. Пишувајте и учете од тоа.

-        Средете ја својата соба

Како што се однесувате кон просторт во кој жвеете, така се однесувате и кон својот ум.

-        Ако од сето ова запомните една работа, тоа нека биде оваа

Сами го одредувате својот пат, а ако му верувате на сопствениот компас секогаш ќе останете на вистинскиот пат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Откријте дали растете мал генијалец
Децата генијалци отскокнуваат од стандардот на кој се навикнати луѓето, а Менса објавила некои карактеристики кои кај де...
6
Колку количински треба да јаде детето?
Сите родители се прашуваат колку детето треба да јаде и дали изело доволно?
4
Детето лаже и измислува приказни?
Како да се справите со лажењето и измислените приказни кај децата?
3
Непослушните деца се поуспешни во животот?
Ако вашето дете одбива да ве слуша, тоа го прави она што го сака, и воопшто немојте да му се лутите. Децата со таков кар...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?