|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Александра - дете со трауми за цел живот!

www.telegraf.mk, 30.8.2013
Најголема траума е тоа што А. Б. две години не си ја видела мајката. Ако навистина и било кажано дека мајка и е мртва, девојчето ќе доживее уште еден шок кога ќе ја види жива

image
/11


 

 

Разводот на родителите, одвоеноста од мајката и целата ситуација околу старателството ќе предизвикаат трајни последици во емоционалниот развој на шестгодишната А. Б. Во такви случаи се препорачува поддршка од стручни лица за да се намали стресот кај детето.

Ова го велат социолозите и институциите кои долги години работат на детските права, за случајот на девојчето А. Б., кое две години нема контакт со мајката оти тоа не го дозволува семејството на таткото.

Драги Змијанац, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ (Фото: Makdenes.org)

- Односот меѓу мајката и детето е од пресудно значење за понатамошниот развој на детето. Особено во првите години од животот. Доколку мајката од одредени причини не е во состојба да се грижи за детето во тој случај мајчинската улога треба да ја преземе некој што е близок на детето, доволно зрел, внимателен, способен да сака и на таков начин ќе му се обезбеди чувство на сигурност. Доколку станува збор за девојче, тоа во одреден животен период има потреба да се идентификува со со својата мајка или замена за мајката и на таков начин да ја гради сликата за себе. Неможноста детето да оствари контакт со својата мајка која го сака и сака да се грижи за него или, пак, презентирање на лажни информации за мајката можат да имаа негативни ефекти врз живот на детето – велат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Оттаму нагласуваат дека детето има право на двајцата родители, без оглед на тоа дали тие се или не се заедно.

Најголема траума е тоа што А. Б. две години воопшто не си ја видела мајката. Ако навистина и било кажано дека мајка и е мртва, девојчето ќе доживее уште еден шок кога ќе ја види жива. Стресот од тоа што ја кријат, фотографиите во медиумите, се преголем товар за психата на шестгодишно дете.

И Министерството за труд и социјална политика укажува дека кога родителите се разведуваат, треба многу да внимаваат ќе предизвика нивната одлука врз децата.

Диме Спасов, министер за труд и социјална политика (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

- Доколку родителите ја немаат нарушено родителската комуникација овие последици по порастот и развојот на децата се изразени во поблага форма. Таму каде што родителите немаат комуникација или таа е крајно нарушена, тоа најсилно се одразува врз емоционалниот развој на децата. Во тие случаи, покрај работа со родителите и децата во Центрите за социјална работа, тие се упатуваат и во Завод за ментално здравје, како и во Советувалиште за родители и деца – велат од Министерството.

Малата А. Б. не оди на училиште. Нема податоци дали и колку има контакт со нејзини врсници. Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ посочуваат дека дете на оваа возраст треба да има активен социјален живот.

(Фото: Flixya.com)

- Неможноста детето да се дружи со своите врсници би можело да влијае на воспоставувањето пријателски и емотивни врски во иднина. Можно е детето да не биде прифатено од групата врсници, да не е самостојно, да е повлечено, да се јават и други проблеми. Апелираме институциите да го решат случајот, родителите да не се препукуваат и надмудруваат на сметка на детето, а детето да го оствари правото на старателство. Притоа, да има право на видување и вториот родител – велат од Детската амбасада „Меѓаши“.

За овој случај, детската амбасада поднесе претставка до Народниот правобранител. Од него бара да ги заштити правата на малолетната А. Правобранителот чека одговор од институциите
пред да излезе со свои препораки за случајот.

 

Извор: Telegraf.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
6
Известување за фановите на нашата страница...
Дали забележувате дека Рингераја.мк се помалку се појавува во “Новости” на Вашиот Facebook профил и покрај тоа што има 4...
3
Оливер Твист од Прилеп
Александар Д. има 33 години. Роден е во Битола, но живее во Прилеп. Не си го знае коренот, никогаш не си ги видел родите...
3
Општи услови и правила за учество во "...
Општи услови за учество во програмата Пакет подароци за трудници, новороденчиња и доенчиња, мали деца и деца
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?