vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Судијка
Многу зборува за тоа како сите имаат право на сопствено мислење, но лошо расудува и подготвена е да ги осудува другите.
“Моето дете е секогаш во право”
Ваквата мајка е уверена дека нејзиното дете никогаш не греши. Во 9 од 10 случаи нејзиното дете е во право, а десеттиот пат било преуморно, немотивирано и гладно.
Перфекционистка
Тврди дека нејзиното дете има 40-тина вон наставни активности дека е за четири степени понапред од својата генерација, дека е спортист, музичар, уметник и научник...се во едно!
“Избрана”
Мисли дека е избрана бидејќи има дете. Да, избрана, ако под тоа се мисли нормална.
Ангажирана
Вклучена е во се, од продажба на колачи до организирање на туѓи роденденски прослави. Таа познава се' и поддржува се'.
Зборува негативно за своето дете
Нема ниту еден убав збор за родителството и за своето дете. Никогаш. Сите мајки одвреме навреме ќе се пожалат од нешто. Таа искреност може многу да и помогне на другата мајка која води битка на истото поле. Но мајките кои нон стоп кукаат од своите деца може да направат да се чувствувате лошо. Нивнaта негативност е заразна.
Трачерка
На сите им зборува зад грб. Озборува и на сите им наоѓа маани. За себе мисли дека е совршена мајка. Но заборава дека да се биде добар родiтел значи да се биде и добра личност.
Чистачка
Секогаш чисти и ќе ја видите со крпа и средство за дезинфекција во рацете. Иако нејзиното дете е потполно здраво, за неа ниkогаш не е доволно чисто и стерилно дома.
Форумџијка
Премногу време поминува на чет, форум и фејсбук, иако тврди дека нон-стоп е со децата. Скоро секогаш е подобра мајка од Вас. Тоа е просто невозможно и невистинито.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...