|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако ретко, афазијата се сретнува и во детската возраст. Затоа овој текст го посветувам на децата со афазија и родителите кои имаат деца со афазија
Клучни зборови:

image
/11


Детската афазијата претставува нарушување во развојот на говорот или губење на веќе стекнатите јазички способности, предизвикано од повреди на мозокот. Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако ретко, афазијата се сретнува и во детската возраст. Затоа овој текст го посветувам на децата со афазија,  родителите кои имаат деца со афазија и сите оние кои се сретнале со оваа состојба или сакаат да прочитаат нешто повеќе.


Причини за појава на афазии во детската возраст

Генерално гледано, најчестата причина за појава на афазијата е повреда на мозокот. Се појавува дисфункција на кортикалните и субкортикалните структури, како и дисфункција на инервациските патишта, кои се одговорни за разбирањето и продукцијата на говорот. Најчесто, родителите во хетероанамнезата ни даваат податоци дека постоеле одредени компликации во текот на бременоста, за време на породувањето или во периодот по породувањето.


Видови афазии во детството

Афазиите во детството се делат на примарни и стекнати, според тоа дали тие се појавиле пред третата или по третата година од животот.

А) Примарна детска афазија

Примарната детска афазија настанува пред третата година од животот на детето и зависно од степенот на нарушувањето, се манифестира со неразбирање, отсуство на зборови, сиромашен речник, кратки и општи зборови не подолги од три слога, незрели и аграматички реченици, нарушувања во артикулацијата, лексички дислалии. Примарната детска афазија може да се подели на три вида:

1. Вродена афазија (дисфазија) која се јавува со потешкотии во продукцијата на говорот. Ваквите деца располагаат со мал фонд на зборови, најчесто околу десет збора, кои се претежно составени од два слога и се нејасно артикулирани, а манифестираат и нарушувања во моториката и емоционалното изразување. Доколку е нарушено и разбирањето, детето ќе располага само со два-три нејасно артикулирани збора или пак кај него воопшто нема да постои говор.

2. Развојна афазија (дисфазија) кај која делумно е нарушен говорот, додека пак разбирањето воопшто не е нарушено. Ваквите деца разбираат што им се зборува во нивната тесна околина и што се случува околу нив. Појавата на првите зборови доцни, а со самото тоа доцни и појавата на првите реченици кои ќе бидат сиромашни и аграматични. Присутни се и артикулативни нарушувања и лексички дислалии.

3. Стекната афазија (дисфазија) која настанува како резултат на церебрално оштетување и се јавува по период на нормален говорен развој. Некогаш може да се јави и како идиопатска афазија, без позната причина. Овој вид најчесто се јавува околу третата година и се манифестира со оштетување на зборовите, речениците и појава на нарушувања во артикулацијата, а можат да бидат оштетени и разбирањето и продукцијата на говор.

                   
Б) Секундарна детска афазија

Секундарната детска афазија (дисфазија) настанува по повреда на мозкот и тоа по третата година од животот на детето, кога говорната основа е формирана и детето се служи со голем фонд на зборови од сите групи на зборови, реченици, издиференциран и нецелосно чист изговор.
Кај овој вид афазија точно се знае кога настанало оштетувањето и ги погодува децата од третата до десеттата година. Колку е детето постаро, толку симптомите ќе бидат поизразени и афазијата ќе наликува на афазија како кај возрасно лице.
Најчесто се манифестира како сензомоторен тип, кај кој е нарушено разбирањето, но се појавуваат и оштетувања на зборовите од сите групи, речениците, нарушувања во артикулацијата, нарушувања во читањето, пишувањето и сметањето.

Како посебен вид стекната детска афазија би ја спомнал стекнатата афазија со епилепсија.

1. Стекната афазија со епилепсија (Landau-Klefener синдром)

Детето кое имало нормален развој на говорот, ги губи способностите за разбирање и продукција на говорот, и притоа ја задржува општата интелигенција. Ова нарушување е придружено со абнормалности во ЕЕГ и со ЕПИ напади. Причината за настанување на оваа состојба е непозната, но се смета дека настанува поради инфламаторен процес на централниот нервен систем.

Се јавува кај деца на возраст од 3 до 7 години и зависно од тежината на состојбата се манифестира со целосна изоставеност на разбирање и говорење, говор ограничен на жаргон афазија, нарушена флентност на говорот, нарушена артикулација.

 
Дијагностика

Овие состојби бараат навремена дијагностика и навремен третман. Потребен е преглед од невролог, неврорадиолог, невропсихијатар, невропсихолог и клинички логопед. Во логопедската и невропсихолошката дијагностика најчесто се употребуваат тестови како што се: тест за вербалната флуентност, токен тест, тест за именување, тест за флуентноста на цртањето, тест за селективно памтење, Warrington тест за метрички фигури, тест за репродукција на приказни и други.

Диференцијална дијагноза

Кога оштетувањето на мозокот настанува пред детето да проговори, постои потешкотија при дијагностицирањето на афазијата, затоа што таа според говорните недостатоци наликува на алалијата и развојната дисфазија. Понекогаш истата се помешува со оштетување на слухот, интелектуална попреченост, емоционални пречки, психички болести. Од таа причина се препорачува оваа состојба да биде дијагностицирана од стручен и искусен кадар и за истата да се остави подолго време за опсервација.


Логопедско – рехабилитациски третман на детската афазија

Логопедско – рехабилитацискиот третман треба да биде започнат што порано, со што шансите за потполно да се усвои говорот се поголеми. За време на третманот, родителите играат голема улога и истите треба да бидат котерапевт.

Планот и програмата за третманот се строго индивидуални и се насочуваат состојбата на дадениот пациент. Третманот опфаќа:

-          
Изведување на логопедските вежби низ игра;

-          Вежби за фина моторика и логомоторика;

-          Вежби за насочување и стабилизација на вниманието;

-          Вежби за стимулација на способноста за аудитивна перцепција и разбирање на јазичните симболи;

-          Вежби за развој на когнитивните способности;

-          Вежби за визуомоторна координација;

-          Усвојување на зборовите, почнувајќи со именките;

-          Вежби за усвојување реченици;

-          Мултисензорна стимулација;

-          Што почесто стимулирање; 

-          Вежби за развој и диференцирање на емоциите; 

-          Вежби за помнење и вежби за забележување; 

-          Терапија со пеење и мелодиски вежби;

-          Терапија со цртање;

-          Вежби за стимулација на способноста за читање и пишување кај повозрасните деца;

-          Вежби за релаксација;

-           Други вежби.



Еден од клучните фактори за успешен третман е раната интервенција и интензивната специјализирана програма за третман, која освен на логопедските третмани треба да се примени и дома, со претходна соработка и едукација на родителите. Затоа ги мотивирам родителите навремено да се консултираат со логопед и да побараат стручна помош!

            


Пишува: спец.кл.логопед Бојан Богдановски, клинички логопед – специјалист

Контакт:

Instagram: @slp.bojan

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Велигденски колачи - cupcakes
Убаво декорираните и вкусни колачи капкејк ќе ја украсат Вашата Велигденска трпеза. Ви предлагаме неколку начини да ги у...
5
Кога се развива мозокот кај децата?
Децата се брилијантни. Зарем не? Тие живеат во сегашниот момент.Тие се способни и невини. И можеби мојата омилена особин...
4
10 работи кои “совршената мајка” не ги прави
Никој не е совршен, но изгледа сите мајки сакаат да бидат баш таа совршена мајка. Сигурно сте сретнале мајки кои обожава...
4
Станав мајка. Никој не ми кажа дека...
Кога бев бремена, сите живи ме предупредуваа на тоа што ме чека. Предупредувањата ме чекаа каде и да се појавев, дури и ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?