Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Големо спремање
Кога ќе стигне бебето, мечтаете за денот кога ќе се наспиете добро, но со тек на време стандардите драстично ви се намалуваат. За некоја година, вашата идеја за добар провод е еден ден поминат во непречено големо спремање на куќата, додека некој друг се занимава со вашите деца. Кога подобро ќе размислите и ден поминат во копање на пченката ви делува како спа третман во однос на вообичаениот ден со децата исполнет со галама, кавги и прашања.
Гледање на цртан филм
Станот ви е преполн со ЦД-а од цртани филмови, ДВД плеерот е загреан од работа, но кога подобро ќе размислите, не можете да се сетите на ниту еден цртан филм кој, откако сте мајка, сте го изгледале од почеток до крај. Бидејќи се знае – додека децата уживаат гледајќи, вие ја чистите полната кеса од правосмукалката, обидувајќи се да најдете некој дел од Лего гаражата, или го претворате синоќешниот прилог од вечерата во денешна чорба од зеленчук. Да залегнете и да гледате цртан филм, би значело дека куќата ви е во каков-таков ред и дека сите се нахранети.
Грип
Да, има нешто полошо од главоболка, бладање за време на грозница под три јоргани и губење на способноста на говор заради отечените крајници. А тоа е да бидете болни, но малку помалку. Бидејќи ако не сте дибидус болни, домашните ќе очекуваат од вас да ги служите со вообичаениот интензитет. Од друга страна пак, кога ќе ве победи тежок случај на грип, можеби ќе се чувствувате како да ве прегазил воз, но некаде длабоко во себе изнемоштено ќе скокате од среќа што конечно и вие имате право да бидете болни и вон функција.
Летовање – без вас
Кој е тој што не обожава летување, море, песок и сонце? Хмм..па зар тука не спаѓаат стомачни вируси, осипи, сончаница, воспаление на ушите, обврската за постојан надзор на вашите непливачи и полупливачи, па перење на безбројните купачи костими по враќањето од плажа, спростирањето на милион крпи и уште досадното пакување и распакување? Изненадувачки, но 10 дена во празен стан под спуштени ролетни и повремено разладување под туш, ви делуваат како најлуксузен аранжман од туристичкиот водич, кој никогаш нема да можете да си го дозволите.
Децата повеќе го сакаат тато
Убаво е да се биде потребен и обожуван, но зошто баш вас мора да ви го прочитаат секој состав кој го пишуваат за домашна, или да ви ја прераскажат секоја анегдота од големиот одмор. Зар не би било подобро понекогаш да ве одминат како да не ве познаваат и да се концентрираат на тато тогаш кога имаат да раскажат нешто важно?
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?