Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Немав во план да посетувам часови за породување кога бев бремена. Следејќи го фактот дека подобро ми е да ја знам горката вистина отколку слатката лага, сигурно не можете да верувате дека сум појдена на тој час со нотес и дека фаќам белешки. Плус, бремена бев со близнаци, па постојано бев во портокалова фаза.
Но морав.
Јас и мојот сопруг научивме многу, многу нешта во тие неколку месеци колку што одевме на часови, но излезе дека има тон нешта кои се случуваат дури и пред да излезете од болницата, кои не само што не сте ги научиле на час, туку и никој не си спомнал.
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, па не сакаат да се навраќаат назад. Но бидејќи јас се грижам, би сакала да споделам неколку изненадувачки искуства, кои ги имав по породувањето и кои би било добро да ги имате на ум.
Кога нештата ќе станат вистински, може да полудите
Ох, па јас мислев дека сум подготвена. За време на моето возење до операционала сала, мислам дека имав часови да размислувам за царскиот рез. Не бев подготвена за масивниот паничен напад, кој ме погоди во моментот кога ми ставаа епидурална. Погледнав наоколу во операционала сала и ја видов сета опрема и сите сестри кои трчаат наоколу за да се организираат и одеднаш ме удри тој воз на паника. Немав контрола врз себе – изгледа овие бебиња излегуваат? Точка. Мора да сум станала бела бидејќи маж ми престана да ме прашува дали сум ОК. Некако се убедив себеси да престанам да ги молам докторите да почекаат уште половина час за да можам да размислам за ова. Само реков “Во ред сум” и веднаш ми ја ставија маската.
Запомнете, подобро е да сокриете дека полудувате, отколку да споделите со луѓето кои можат да викнат социјална служба.
Царскиот рез не е безболна опција на породување
Не обрнав внимание многу на болката која може да произлезе од царскиот рез. Сепак не боли толку колку природно породување, мислев. И по операцијата требаше да бидам во ред, нели?
Господе Боже, која агонија по царскиот рез. АГОНИЈА. Некако се довлечкав до бањата и се обидов да се истуширам. Кога водата допре до мојот стомак, мислам дека умрев. Знаете што беше најтешко? Да стоиш исправено, со сите тие конци и закопчувања. Бев тотално неупотреблива неколку недели по операцијата. Тоа беа лоши времиња.
Е сега, тоа не е случај кај сите – имав пријателки кои чувствуваа само слаби болки по царскиот рез. Можеби јас сум баксуз со епски пропорции. Или можеби другите жени се херои. Веројатно и двете.
Се извинувам, но нешто ми излезе од телото преку вагината
Немав идеја дека откако ќе ги извадат бебињата, треба да извадат толку многу нешта од твоето тело. Само ќе лежите и ќе уживате во болничкото сместување, кога наеднаш нешто големо ќе излезе од вас. Верувајте, нема ништо полошо од тоа да разговарате со свекрвата на телефон и наеднаш нешто големо да ви се слизне од вагината. Тоа е екстремно вознемирувачки.
И дали го спомнав крварењето? О Боже, крварев со денови, ако не и недели по породувањето. Сето тоа водеше до омилената облека на сите жени по породување:
Pampers гаќички
Ах, тоа е познатата долна облека. Дали не се совршени? Обидете се да ги сфатите како нов начин да се поврзете со бебето, додека заедно лежите незнаејќи каде сте и што да правите.
Најлошата масажа на сите времиња
Знаете ли дека сестрите ќе доаѓаат за да ве измасираат? Да, навистина. И дали знаете дека ќе ви го масираат стомакот, точно таму каде што имавте 6 кгр. бебиња?
Боли. Боли како ништо друго.Тоа го прават за да предизвикаат контракции на материцата и да не искрварите до смрт, што е супер добра идеја, но и зборот најлоша масажа не може ни одблиску да опише какво е чувството. Се разбира, фактот што се нарекува масажа на материцата ми наговести дека ова нема да биде за уживање. Не е како да си во спа центар, воопшто не е.
Хм...Дали сум за маникир педикир или масажа на материцата...?
Потоа ги вадат копците?!
Еднаш кога ќе ве закопчаат по операцијата, ќе дојде момент кога треба да ги вадат копците. Хух! Не ни помислив на тоа до моментот кога дојде сестрата да го направи тоа. Веќе бев под стрес од масажата, кога сестрата ми кажа дека нема да боли, но не и помина тоа кај мене. Со едната рака го фатив сопругот за рака, а со другата ги покрив очите. И знаете што? Навистина не болеше.
Еј бебенце, јас...грррр
Бев ставена на лесни дроги по породувањето, наречени магнезиум, бидејќи развив пре-еклампсија на крајот на бременоста. Не знаев ништо за магнезиумот и мислев дека ќе бидам само на аналгетици. Е па, магнезиумот ве успива. Мислам дека заспивав додека ја носев лажицата со пудинг од чашата до устата.
Не се зафркавам.
Така ги поминав првите денови по породувањето – обидувајќи се да се разбудам за да се напијам вода.
Моите гради не се за надвор, бидејќи се дами
Двете мои деца беа на интензивна нега, па почнав да се одмолзувам во собата. Заклучив дека не ми успева баш најдобро и дека немам млеко. Но, на третиот ден, кога хигиеничарката влезе во собата, ја погледна мојата празна пумпица ги стокми зачудено рацете и рече со загрижен глас: “Аууу, колку малку млекоо”, помислив дека приказната со доењето е малку покомплицирана.
Проблемите со доењето продолжија и дома, се додека не дојде патронажната сестра и не ми го разјасни проблемот: “Имаш рамни брадавици”.
Молам? Што е па тоа сега? Никогаш досега не сум слушнала за рамни брадавици. Не ни знаев дека моите не се нормални? Ако е за право, никој досега не ми се пожалил. И што да правам сега, реков? Таа рече: “Па, тоа што треба да го направиш ќе ти одземе многу време и енергија.”
Ова беше погрешна работа што треба да се каже на мајка на 3 недели стари близнаци, која имала само два часа последователно спиење откако се родени.
Реков:”ОК, се откажувам. Кој бренд на беби формула ми го препорачувате?”
Што треба да направам пред да си одам дома?
Да испуштам гасови?!?
Дали добро слушнав? Треба да испуштам гасови пред да ја напуштам болницата?
Тие беа супер сериозни во врска со ова. Тоа не беше лесно за некој како мене кој станува екстремно усрамен да го направи тоа пред публика. Да имам група доктори, цело семејство и сопругот пред мене кои ќе очекуваат да испуштам гасови пред да ми напишат отпусна листа, беше рамно на лудило.
Обично, кога ќе го побараат тоа од вас ќе кажете НЕ. Но сега колку повеќе велите не, толку повеќе ве задржуваат на болница и ги нервирате. Еве го доаѓа едно мало, јеееее си одам дома!
О! Му кажав збогум на срамот. Не знам дали повторно ќе се сретнеме
Пред да имам деца знаев за срам. Нормално дека се грижев кој ќе ги гледа моите внатрешни усни. Нормално. Се додека не се појави Лурдес.
Лурдес ме однесе во бањата за прв пат по породувањето. Ми помогна во тоалетот, и откако неколку работи беа евакуирани од моето тело, ми стави клизма.
Ова беше пресврт за мене. Ако ова ми се случеше пред да ги родам бебињата ќе ми беше најстрашното искуство. Но сега реков само: “Што?” Аха, добро.
И така. Животот продолжува понатаму. Ти и твојата бесрамна половина ќе излезете горди од болницата и преживеани. И кога другите жени ќе закажуваат депилација пред породување или ќе се погрижат работите да им бидат спакувани во најубавата торбица, ќе им дадете свои контакт информации бидејќи ќе им треба прегратка кога ќе излезат од болница.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?