Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За да бидат сите овие искуства позитивни, родителите треба навреме и правилно да го подготват детето и да му помогнат да ги преброди тешките моменти за престојот во градинката да му биде попријатен. Пред да тргне во градинка детето треба претходно да го носите да се запознае со учителката и другарчињата. Потоа постепено почнете да го оставате на кратко, за да се навикнува да останува во градинка. Во прво време добро би било да остане само неколку часа, а тогаш со него би можеле да останете и Вие. Доколку детето е навикнато да спие попладне, а во градинка не го прави тоа, навечер потрудете се порано да си легне, бидејќи на детето неопходни му се од 8 до 12 часа сон. Ако ви покаже инает, одговорете со јасен став, а не на груб начин.
Ако прави сцени кога треба да го оставите, не правете драми. Но, не треба да се потценува проблемот. Обидете се навечер да разговарате со него во семеен круг и да му дадете до знаење дека мислите на него, за да го осети она чувство на сигурност. Доколку наутро се размислувате дали да го носите во градинка или не, кај детето ќе создадете чувство на несигурност. Навечер секогаш разговарајте што правело во градинка, кои игри ги играле, со кои дечиња најмногу сака да си игра... Многу малку деца зборуваат за доживувањата во градинка, освен ако вие не ги прашате.
Потрудете се да не го оставате вашето дете предолго во градинка, односно настојувајте да не доаѓа прво, и да не си оди последно. Детето почнува да учи, а за тоа да биде без траума, потребна е континуирана работа. Затоа е важно секојдневно да се оди во градинка. Детето што ќе се навикне на градинка и на едноставниот ритам на будење, на заминување и враќање од градинка, многу полесно ќе се навикне на училишните обврски. Затоа не оставајте го дома. Секако дека плачењето на детето пред да тргне во градинка, ќе ве потресе, но тогаш не смеете да попуштите и да го оставите дома. И додека плаче, можете да го оставите на воспитувачката, бидејќи по вашето заминување, тоа ќе престане да плаче.
Наутро обезбедете доволно време, бидејќи доколку се подготвувате набрзина, вашата нервоза ќе му ја пренесете на детето.
Јадењето е многу важен момент за детето. Може да се случи тоа убаво да се прилагоди во градинката, да ја слуша воспитувачката, но едноставно не сака да јаде. Почекајте состојбата да се измени, за да не настане поголем проблем. Разговарајте и за ова и потрудете се да му објасните најдобро што можете, зошто одењето во градинка е важно за него.
Полека детето ќе почне да го прифаќа фактот дека го оставате во градинка и со тек на време неговата самостојност ќе се зголеми, а детето ќе стане посамоуверено.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.