Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Жена успешно се породила на улица во центарот на Скопје. Родила живо, доносено женско бебе тешко 2 килограми и 900 грама. И двете се во стабилна состојба.
Породувањето се случило на тревникот пред Олимпискиот базен, вчера во 16 часот и 30 минути.
Откако 40 годишната жена успеала сама на свет да го донесе девојчето, од случајни минувачи била повикана брза помош. Екипата првично констатирала дека раѓањето било без компликации. Со амбулантно возило веднаш биле пренесени во клиничкиот центар. Мајката била хоспитализирана на гинекологија, а бебето било однесено на детската клиника. По направените испитувања лекарите утврдиле дека ниту мајката ниту детето немаат никакви последици. Задржани се во болница за да им ја следат состојбата. И од двете клиники го потврдија случајот за Сител.
Дента пред сама да се породи, жената била на преглед на клиниката за гинекологија. И покрај инсистирањето на дежурните лекари да остане зошто и се наближувал терминот за породување таа со потпис одбила преглед по што ја напуштила клиниката. Според информации на Сител ова е 3-то дете на самородката која по националност е Македонка.
Извор: Сител
24
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...