|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Започна вселенската авантура на БиМилк и Рамстор

Би-Милк, 14.10.2013
Под мотото Витамини прави за астронаути здрави започнува голем интерактивен настан во Рамстор Мол

image
/101


 

 

10 октомври 2013, Скопје.  Денес стартува големата Вселенска Авантура на Бимилк и ТЦ Рамстор, наменета за сите деца на возраст од 6 до 12 години кои на настанот ќе имаат прилика да се забавуваат, истовремено учејќи за вселената и откривајќи ги тајните на космосот.

Настанот кој за прв пат се организира во нашата земја е поделен на три дела. Во првиот дел децата ќе имаат можност да учат за првиот човек кој стапнал на Месечината и да видат реплика од неговиот вселенски костим. Во вториот дел од настанот децата ќе носат роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и ќе разговараат со нивниот водич за вселената. Третиот дел од настанот ќе им овозможи на децата да носат вселенски шлем и да се забавуваат во лунарниот дел од поставката.

За време на настанот сите деца ќе можат да се вклучат во наградната игра за најдобра астронаутска ракета изработена од пакување од Битолско млеко со десет витамини од Бимилк. За најдобрите изработки обезбедени се вредни награди: Xbox kinect, iPad mini и телескоп. Со доделувањето на наградите на 31-ви октомври ќе се означи и крајот на Вселенската Авантура.

„Нашата цел е на интересен начин да ги приближиме здравите навики за редовно конзумирање на витаминско млеко кај најмладите а воедно да ги едуцираме  на еден невообичаен, интерактивен и пред се забавен начин. За време на Вселенската Авантура, децата ќе имаат прилика да се забавуваат, да учат за достигнувањата на човекот во откривањето на тајните на космосот, да се натпреваруваат и освојуваат вредни награди. Битолското млеко со десет витамини е првото трајно млеко во Македонија препорачано од здружението на педијатри, производ кој е дизајниран да одговори на потребите на децата за правилен раст и развој. Оттука со радост се вклучуваме во сите настани во чиј фокус е доброто на децата.“ –Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

 

„Овој настан е уште еден начин да обезбедиме повеќе и поинтересни содржини на посетителите и потрошувачите на Рамстор Мол. Целта на настанот е да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата која одсекогаш ја предизвикува детската љубопитност и ја развива детската креативност и имагинација – запознавањето на космосот.“ – Џеладин Џули, директор за развој и инвестиции во ТЦ Рамстор.

---

Млекара АД Битола е најголемата млекарница во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.

Трговскиот центар Рамстор веќе петта година е присутен на македонскиот пазар и препознатлив по големата понуда на реномирани светски брендови. До крајот на 2013 година синџирот на супермаркети Рамстор се планира да вклучи 15 продажни локации низ целата земја, со што брендот станува најбрзорастечки ланец на супермаркети во земјата. 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Имунобор Кидс Сируп
Имунобор Кидс Сируп е наменет за да ја помогне функцијата на имуниот систем кај деца со склоност кон чести бактериски, в...
6
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: слобода, удобност, успех. Но, зад блескавата фасада...
5
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да останеме верни на себе во свет каде сите нешто очеку...
5
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимните моменти со семејството. Затоа, квалитетот на пр...
5




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste licnost sto docni?

Da (25%)

Ne (75%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!