|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Високата телесна температура е пријател на децата?

Редакција Рингераја, 29.11.2012
Во новата студија на Американската асоцијација на педијатри се тврди дека температурата може да му помогне на детето да се чувствува добро. Стручњаците тврдат дека пребрзото лечење на високата температура може да го успори оздравувањето на детето

image
/11


 

 

Високата температура ги присилува децата да се одмораат и да спијат повеќе, што е многу важно за потполно оздравување.  Со доаѓањето на сезоната на грипови и настинки, многу родители често посегнуваат кон ладни облоги и парацетамол, за да ја симнат температурата на своето болно дете. Но најновата студија го тврди токму спротивното, дека високата температура всушност може да им помогне на децата во борба против болестите. Еден американски педијатар открил дека грозницата (високата температура), типична за многу детски болести може да помогне во лечење на децата бидејќи ги присилува да легнат, да се одмораат и да спијат повеќе.

Родителите често се прашуваат што да прават кога децата имаат висока температура.  Hannah Chow-Johnson, професорка на Универзитетот во Чикаго тврд дека високата температура им помага на децата побрзо да закрепнат, посебно ако е во прашање вироза.  Грозницата е дефинирана како температура над 37,5 степени Целзиусови, но може да биде знак и за други посериозни болести.

 

Препораки на докторката Chow за третирање на висока температура се:

- Зголемената температура не е опасна: тоа е имунолошки одговор на телото на болест.

- Телото на детето ја контролира температурата е тоа нема да се промени што и да правите. Немојте да го разбудувате детето од длабок сон само за да му дадете лекови за намалување на телесната температура. Ако температурата се движи во интервал од 37,5 – 38,5 оставете го детето да спие. Спиењето е поважно.

- Топломерите со кои се мери температура во уво и на чело не се веродостојни. Држете се до добриот стар топломер за најпрецозно мерење.

- Доколку детето пие доволно течности и редовно мокри, можете да го лечите дома.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Пореметување на сонот кај аутистичните деца
Децата со аутистичен спектар меѓу многуте симтоми имаат и проблеми со заспивањето. Тоа ги исцрпува и родителите и децат...
4
Направете сами антибактериски гел за раце
Во време кога владеат вируси и настинки, побарувачката на антибактерискиот гел е толку зголемена, што сите залихи се тро...
3
Готвач за бебе
Овошни кашички од 6-8 месеци
3
Како да направите домашна бебешка храна?
Иако денес постојат многу фирми кои произведуваат бебешка храна, сепак многу мајки одбираат да ги хранат своите бебиња с...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: