|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вагинален исцедок во бременост: Кога е нормално, а кога да се загрижите?

Редакција Рингераја, 29.7.2025
Ако сте забележале зголемен вагинален исцедок од кога сте бремени, не сте сами и не е причина за паника.

image
Бременост
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Овој тип исцедок, познат како леукореја, е сосема нормален дел од бременоста и обично е знак дека телото си ја врши работата правилно. Но, важно е да знаете што е нормално, а кога треба да се обратиш кај лекар.

 

Што е леукореја?

-        Леукореја е течен, белузлав или проѕирен вагинален исцедок, со лесна или слузеста текстура вообичаено без непријатен мирис,

Овој исцедок се појавува и пред бременоста, но за време на бременост, особено во првите недели, може да се зголеми во количина и да стане поочигледен.

 

Зошто се јавува за време на бременост?

Причините за појава на леукореја се поврзани со:

-        Зголемен проток на крв кон вагиналната област,

-        Хормонални промени, особено зголемување на естроген,

-        Зголемено создавање на слуз како дел од природната заштита на телото.

Исцедокот има улога да одржува вагиналната флора здрава, да штити од инфекции и да ја одржува вагиналната средина чиста.

 

Кога се јавува?

-        Леукорејата може да започне уште во првите недели од бременоста,

-        Се засилува во вториот и третиот триместар,

-        Кон крајот на бременоста може да стане погуста и со повеќе слуз – што може да биде знак за исфрлање на слузниот чеп пред породување.

 

Што е нормално, а што не?

Нормално:

  • Белузлав или млечен исцедок
  • Без јак или лош мирис
  • Без чешање или печење

Не е нормално ако:

  • Исцедокот е жолт, зелен, сив
  • Мириса на риба или е непријатен
  • Има сврбеж, печење, црвенило или болка
  • Содржи крв (надвор од очекуваниот период)

Во тие случаи, можно е да станува збор за инфекција, како вагинална габа, бактериска вагиноза или полово пренослива инфекција и потребна е посета кај гинеколог.

 

Како да се справиш со зголемениот исцедок?

-        Користете памучна долна облека и менувајте ја често

-        Избегнувајте тесна облека и синтетички материјали

-        Одржувајте редовна и нежна интимна хигиена, без агресивни сапуни или туширање внатрешно

-        Користете дневни улошки ако ти е поудобно, но менувајте ги често

-        Бидете внимателиа на промените во текстурата, бојата и мирисот

 

Леукорејата е нормална, здрава појава за време на бременост и најчесто нема причина за загриженост. Сепак, бидете внимателни на промените. Вашето тело секогаш испраќа сигнали. Ако имате дилеми или непријатности, не се двоуми да се консултирате со гинеколог. Подобро е да проверите, отколку да претпоставувате.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Го видовте позитивниот тест? Еве што следува
Позитивниот тест за бременост носи мешавина од радост, возбуда и безброј прашања: „Што сега?“, „Дали треба веднаш на лек...
4
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
4
Подготовки за живот со бебето
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. За доаѓањето на бебето ќе мора да се подготвите уш...
4
10 најчесто поставувани прашања во бременоста
10-те најчести прашања од идните мајки
3




Анкета

Како да се ослободите од цуцла?
Admin

Мојата ќерка (23 месеци) користи цуцла само навечер кога си легнува. Во градинка, таа беше одвикната од цуцлата со попладневна дремка, па мислам дека е време целосно да се ослободи од цуцлата. Како му помогнавте на вашето дете да се ослободи од цуцлата?

Постепено ја скратувавме цуцлата со ножици сè додека детето не се згрози од неа. (100%)

Еден ден само рековме дека некој ја зел цуцлата. (0%)

Нешто друго - напишете во коментарите. (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!