Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Училишните денови се исполнети со искуства, позитивни или помалку вредни за паметење, но сите ние го паметиме денот кога за прв пат сме седнале во училишните клупи, кога сме станале првачиња. Возбудата е голема и кај децата и кај нас родителите. Заедно ги споделуваме миговите на неизмерна среќа и радост, а с? со една цел-да се означи денот кога се станува прваче. Од големо значење е децата да бидат психички подготвени за првиот училишен ден, но и за училиштето воопшто.Треба да знаат дека училиштето е место каде што ќе се образуваат, ќе научат да читаат и пишуваат, ќе стекнат многу нови другарчиња со кои ќе минуваат низ целокупниот процес на учење.
Пред да тргне детето во училиште најдобро е да посетува градинка/забавиште што е од голема корист во остварување на понатамошните обврски, почитување на одредена дисциплина, пишување домашни задачи, стекнување на поголема самодоверба и чувство на одговорност кон зададените задачи. Многу е важно да се разговара со детето, да му се објасни што точно преставува училиштето и што му престои во животот.
Психолозите сметаат дека кога детето чуствува радост заради првиот училишен ден тоа позитивно се одразува на неговите идни успеси во училиштето. Затоа, многу е важно двајцата родители да присуствуваат на првиот училишен ден. Ова помага за зголемување на самодоверба кај детето. Така детето–прваче ќе биде успокоено и бескрајно среќно. Важно е детето претходно да го разгледа училиштето каде што ќе учи, за да добие поголема престава за тоа. Одете заедно во книжарница да ги купите книгите и потребниот прибор за малиот ученик. Објаснете му на детето како треба да се однесува во училиште, на часовите, кон учителите и кон другите деца.
Првиот училишен ден е искуство кое и детето и родителите го паметат целиот живот, затоа да се потрудиме тој ден да биде посебен за нашите деца, исполнет со многу љубов, среќа, внимание. Да им покажеме дека од овој миг зачекоруваат по нов пат во животот исполнет со нови предизвици, со кои ќе се соочуваме заедно. Ние родителите секогаш ќе бидеме тука да им ја пружиме најголемата поддршка и поткрепа на нашите деца, а тие ќе ни возвратат со нивните успеси во животот.
Во периодот кога децата почнуваат со училиште да не се заборават и дополнителните активности за кои детето покажува интерес. Спортот има многу големо значење во правилниот раст и развој на детето. Физичката активност влијае на правилниот физички, ментален и психички развој и децата стануваат посреќни и поисполнети, полни со позитивна енергија и убави мисли. Вака нашите деца ќе израснат во личности кои се правилно насочени во животот, за да и тие ги пренесуваат своите знаења на идните генерации.
Пишува д-р Моника Топузовска, специјалист по педијатрија
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?