Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Мајчиното млеко е прва храна која ја внесуваме во организмот. Но млекото има еднакво важна улога и за возрасните, бидејќи е одличен извор на калциум и калиум, па заедно со млечните производи има важна улога во јакнењето на коските и забите. Препорачливо е да се пие по една чаша – три пати на ден.
Млекото се состои од различни ензими, витамини, минерали, протеини, како и масти неопходни за здраво функционирање на телото. Содржи витамини Б6 и Б12, кои докажано позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем. Лактозата од млекото содржи едноставни шеќери - глукоза и галактоза, кои не снабдуваат со енергија. Исто така, во тек на преработката се додаваат неколку важни бактерии кои го олеснуваат варењето.
Најважни состојки кои му недостасуваат на млекото се витамин Ц и железо, но сепак, тоа не ја намалува неговата лековитост. Децата би требало да го пијат секојдневно, а и возрасните не би требало да се одрекуваат, бидејќи содржи калиум, магнезиум и фосфати, неопходни за функционирање на внатрешните органи. Калиумот е важен за воспоставување на оптимален крвен притосок, а калциумот ги јакне коските и игра важна улога против мигрената , артритисот и дебелеењето.
Млекото како одличен извор на протеини им се препорачува и на вегетаријанците, бидејќи не јадат производи од животинско потекло. Во 100 гр. кравјо и козјо млеко има околу 3,2 гр. протеини, а во овчото млеко тој процент е поголем. Добро е да се знае и тоа дека кравјото млеко е еден од најдобрите извори на омега 3 масни киселини, кои се важни за имунитетот и нервниот систем.
4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...