Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тагата скоро секогаш е придружена со загуба. Кога се поздравуваме со некој што го сакаме, обично сме тажни. Тагата е уште поголема ако блиската врска завршила.
Тагата ни помага да ја цениме среќата. Кога нашето расположение се менува од тага во радост, чувството за контраст го зголемува уживањето во животот.
Дозволете си да бидете тажни. Негирањето на таквите чувства можат да се врежат во потсвеста и да предизвикаат повеќе штета со текот на времето. Плачете ако ви се плаче. Забележите дали се чувствувате подобро откако ќе запрат солзите.
Ако се чувствувате тажно, планирајте тажен ден. Испланирајте го денот да бидете сами, да слушате меланхолична музика и набљудувајте ги вашите мисли и чувства. Ваквото планирање може само да ја подобри ситуацијата и да почнете да се чувствувате добро.
Размислувајте за контекстот на тажните чувства. Дали се тие поврзани со некоја загуба или непријатен настан? Обично и не е така лесно да се открие причината за тагата, но можно е да се разберат факторите кои придонесле таа да се појави.
Тагата може да биде резултат на некоја промена која не сте ја очекувале, или може да биде сигнал дека нешто треба да смените во животот. Промените се обично стресни, но се неоподни за понатамошен развој.
Препознајте кога тагата преминува во депресија. Побарајте помош ако почувствувате некои од следниве симптоми:
- Постојана тага, анксиозност и “празно” расположение
- Чувство на безнадежност и песимизам
- Чувство на вина, безвредност и беспомошност
- Губиток на интерес или задоволство во активностите кои порано со радост сте ги правеле, вклучително и секс.
- Намалена енергија, хроничен замор, чувство на успореност.
- Тешкотии со концентрација, помнење, носење одлуки
- Инсомниа, рано будење или преспивање
- Намален апетит или зголемување на телесната тежина
- Мисли за смрт и самоубиство, обиди за самоубиство
- Иритабилност
- Присуство на физички симптоми кои не реагираат на третман, како главоболки, проблеми со дигестивниот систем и хронична болка
10
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...
Зошто не чувствувам радост дека сум бремена?
Оваа појава е сосема нормална. Иако општеството често прикажува дека б...
Разлика меѓу обична и базална телесна температура
Телесната температура може да се мери на различни начини и во различни...
Психолошките предизвици при планирање бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто фокусот е ставен на физичкото з...
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.