|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Тагата не е депресија

www.zazdravje.com.mk, 22.11.2011
Сите понекогаш се чувствуваме тажно. Тагата е нормална емоција која може да го направи животот поинтересен. Многу од уметноста и поезијата е инспирирана од тагата и меланхолијата.
Клучни зборови:

image
/11


 

Тагата скоро секогаш е придружена со загуба. Кога се поздравуваме со некој што го сакаме, обично сме тажни. Тагата е уште поголема ако блиската врска завршила.

Тагата ни помага да ја цениме среќата. Кога нашето расположение се менува од тага во радост, чувството за контраст го зголемува уживањето во животот.

Дозволете си да бидете тажни. Негирањето на таквите чувства можат да се врежат во потсвеста и да предизвикаат повеќе штета со текот на времето. Плачете ако ви се плаче. Забележите дали се чувствувате подобро откако ќе запрат солзите.

Ако се чувствувате тажно, планирајте тажен ден. Испланирајте го денот да бидете сами, да слушате меланхолична музика и набљудувајте ги вашите мисли и чувства. Ваквото планирање може само да ја подобри ситуацијата и да почнете да се чувствувате добро.

Размислувајте за контекстот на тажните чувства. Дали се тие поврзани со некоја загуба или непријатен настан? Обично и не е така лесно да се открие причината за тагата, но можно е да се разберат факторите кои придонесле таа да се појави.

Тагата може да биде резултат на некоја промена која не сте ја очекувале, или може да биде сигнал дека нешто треба да смените во животот. Промените се обично стресни, но се неоподни за понатамошен развој.

Препознајте кога тагата преминува во депресија. Побарајте помош ако почувствувате некои од следниве симптоми:

- Постојана тага, анксиозност и “празно” расположение

- Чувство на безнадежност и песимизам

- Чувство на вина, безвредност и беспомошност

- Губиток на интерес или задоволство во активностите кои порано со радост сте ги правеле, вклучително и секс.

- Намалена енергија, хроничен замор, чувство на успореност.

- Тешкотии со концентрација, помнење, носење одлуки

- Инсомниа, рано будење или преспивање

- Намален апетит или зголемување на телесната тежина

- Мисли за смрт и самоубиство, обиди за самоубиство

- Иритабилност

- Присуство на физички симптоми кои не реагираат на третман, како главоболки, проблеми со дигестивниот систем и хронична болка

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мајка која престана да дои по 12 години
Пред петнаесет години станав мајка за прв пат и моето патување со доењето започна. Низ раѓањето на пет деца и со мали ...
6
Столица кај деца: што е нормално, а што не?
Оваа тема можеби не е толку привлечна, но некој треба да Ве информира и за она што се наоѓа во детските пелени. Тоа е че...
4
НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Тежината на едно бебе, а љубов колку цел у...
Бебето има неколку килограми. Може да се измери, да се запише во картон, да се спореди со просек. Но љубовта што доаѓа с...
4




Анкета

Milenicinja
AnMari

Dali e bezbedno da se cuva mileniche vo soba?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!