|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Srcuska4: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.10.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Srcuska4

Датум на породување: 1 Април 2009 година

Тип на породување: природно

Болница: Градска болница Кичево

 

 

Се омажив и по четири месеци дознав дека сум бремена. Во осмата недела бев на гинeколог и се беше во ред. Терминот за породување ми беше на 15 Април 2009 година. Се беше супер се додека една вечер не прокрварив. И се јавив на докторката, а таа ми рече да одам на гинекологија во Градската Болница во Кичево. Таму имаше дежурен доктор ме прегледа ми рече нема од што да се плашиш ништо нема, но треба да примиш прогестерон инекција и следниот ден да одам кај матичниот гинеколог да видиме што понатаму. Следниот ден отидов кај матичната која ми кажа дека треба еднаш неделно да примам прогестерон инекција и дабростон таблетки секој ден и постојано да мирувам. Така со терапија и лежење уште еднаш прокрварив во шестиот месец. Тогаш ме задржа во болница и примав инфузии и инекции. По 3 дена ме пуштија дома и лежев додека конечно не влегов во деветиот месец, кога добив дозвола да се движам. Конечно и на 1 Април утрото сите беа на работа јас дома сама и си го галам стомачето и чувствувам многу тврд е не можам ни да се наведнам. Веднаш се јавив на гинекологот и ми рече дека биле контракции и морам да одам на ЦТГ. Заедно со маж ми отидовме во болница. Ме ставија на ЦТГ, по 10 мин влегов кај докторката да ги види резултатите таа ми дава упат и ми вика со лесно да поминеш. Јас бев многу збунета бидејќи немав болки! Со маж ми двајцата збунети отидовме на одделение. Таму ми ставија инфузија, ми го пукнаа водењакот и почнаа контракците. Секоја следна контракција беше подолга и поболна. Сестрите и докторот  беа многу фини ми покажуваа вежби за побрзо и понеболно да се отворам и по два часа болки ме однесоа на бокс. За 15 мин го слушнав првиот плач на мојата принцеза, заплакав од среќа не можам да го опишам тоа волшебно чувство. Се роди 48 сантименти долга и тешка 2950 грама. По 3 дена во болница си дојдовме дома со новиот член во семејството и сите бевме многу среќни што се се заврши добро.

Мојата принцеза сега има 4 год и 7 месеци и е многу темпераментно и весело  детенце кое заедно со помалото братче се радоста наша.

 

Рингераја им посакува среќно детство на дечињата на Srcuska4! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
4
Фото: Трудници во костими за капење
Погледнете ги овие прекрасни труднички стомачиња во костими за капење
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?