|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Спонтан абортус: Невидливиот ластар на тагата

Megan Oteri, 4.8.2014
Да се биде исполнет со живот е нешто. Да се биде бремена со малечкото чудо на науката и природата во стомакот е убаво. Да се изгуби бременоста е тажно. Чувството е обвиткано со многу емоции – вина, ништо, празнотија, болка, повлекување во темнина..

image
/11


 

Денес морав да престанам со тоа и да почнам да се занимавам со некоја креативна работа. Сакав да го протресам ова чувство на празнотија. Да се изгуби празнината од оваа празна кутија. Да не биде кутија полна со празнотија, туку со ништо. Да останат само невидливите конци кои ми го носат тоа чувство до срцето. Не знам како да го преточам во зборови ова што го чувствувам, па нема да се грижам дали ќе употребам блескави фрази, сакам само ова чувство да излезе од мене. Јас само сакам да напишам еден пост за тоа...

Има толку многу жени кои го чувствуваат истото што и јас денес, вчера, утре. Тоа чувство ме покрива како ластар кој никој не може да го види. Како ластар од грав кој расте обвиткувајќи се околу нешто. Оваа моја лоза од тага не може да се фати за ништо. Затоа и давам на тагата да се обвитка околу зборовите. Околу луѓето кои ги познавам. Околу сознанието дека ми се случило тоа. Дека се' заврши. Дека е време да тагувам.

Како што мојот ум почна да се потсетува на се што можеше да биде, за тоа што беше вчера, пред да започне крварењето, тагата почна да еруптира. До вчера, бев обвиткана од убавина, која расте во мене, обвиткана со чувство на среќа и задоволство. Цветовите на мојата радост беа распукани и изгледаа прекрасно, бидејќи ги грееше сонцето кое растеше во мене.

Слоеви на светлина блескаа од моето тело, низ мене, околу мене, правејќи мрежа од светлина. Сега нема ништо...Само ова недогледно поле од невидлива тага, која не може да се види со голо око.

Да ја скратам приказната. Отидов да ја посетам својата мајка, која беше на умирање, во Колорадо пред четири недели. Претходната ноќ јас и маж ми водевме љубов. Отидов во Колорадо и некако се чувствував најмногу жива и енергична, можеме затоа што оваа земја е мој дом.  На ова патување бев опкружена со земјата што ме знае. Што ја знам. Што ја сакам. На ова патување кон дома, на ова збогување со мојата мајка, се случи нешто магично. Ние зачнавме бебе. Чудо. Семе кое ќе израсне во живот. Минатата недела дознав дека сум бремена. Направив три домашни тестови за бременост и се повеќе се радував и изненадував на секој позитивен тест, бидејќи долго време се боревме со неплодност. Мојот син има тринаесет месеци. Ние не се обидувавме активно да зачнеме нов живот. Затоа беше изненадувачки што забременив без трепнување на очите, без трепнување на срцето.

Направив тест за бременост во понеделник, па во среда, па во сабота. Сите беа позитивни. Бледата сина линија стануваше се потемна со секој тест. Направив тест преку урината и во лабораторија, но ми рекоа да се вратам по една недела, бидејќи – сигурни се дека сум бремена, но линијата е бледа. Затоа направив  уште два тестови дома, во среда и сабота. И беа позитивни. Тогаш почнав да ги чувствувам симптомите на бременост, замор и поспаност.

Отидов на уште еден тест на урината на доктор вчера, со чувство дека тоа не е потребно, со чувство дека сум бремена, со чувство на сигурност дека еден мал живот расте во мене. Не ми требаше доктор, ниту техничар во лабораторија да ми каже дека сум бремена. Нешто големо ми се случи – процвета живот на патот на кој требаше да се збогувам со мајка ми. Колку невозможно. Колку чудесно. Колку весело.  Тоа ми помогна полесно да го прифатам фактот што мајка ми е стара и треба да се одмори. Да се прероди. Бев сигурна дека ова бебе што го носам е девојче и ќе го крстев  Еленор Елизабет, а ќе ја викав Ели Елизабет, како мајка ми.

Елизабет, како мајка ми. Имав визија за нејзините големи локни, големи плави очи и големо срце.

Кога земав урина за тестот вчера, забележав крв. Преплашена и кажав на сестрата. Тогаш стигна и резултатот од лабораторија. Тестот беше негативен. Толку многу сакав да излезам од задната врата, за никој да не ја види мојата тага, која почна да ме гуши, да не ми дава да дишам. Но одев низ ходникот гледајќи ги жените со зрели стомаци, тркалезни, дебелки и полни со живот.

Понекогаш посакувам да постои знак кој ќе им каже на сите дека жената поминува низ тагата наречена спонтан абортус. Како некој натпис кој би можела да го носи на својот грб: “Ве молиме однесувајте се со љубезност и добрина – СРЦЕ КОЕ ТАГУВА”. Но тагата е невидлива. Нашите очи се отечени, тажни и полни со солзи и само времето може да лекува. Не постои часовник кој ќе помогне да се надмине оваа тага. Тоа не е час, недела, месец, година. Тоа е кратер во нашето срце. Но ние одиме понатаму...и понатаму. Не постојат зборови. Само невидливи ластари на тага кои бараат нешто цврсто за кое ќе се фатат...за да растат. За можеби некогаш да се фатат за надеж за повторно зачнување.

Можеби надежта е во насмевката на детето кое го држите во прегратка.  Можеби надежта е во семето кое го држите во раце и сакате да го ставите во почвата во градината. Можеби во празната кутија магично ќе се всели надежта, наместо празнотијата. Можеби ластарот ќе се фати за нешто цврсто, за нешто тешко...

Бидејќи нешто чудесно како ЖИВОТОТ не исчезнува со едно крварење!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Подготовки за породување во болница
Каква е постапката кога ќе ве примат во болница? (англиско видео)
4
Што не смеете да кажете на бремена жена?
Исклучително прекрасно е чувството кога сте прв пат бремени – загрижени, несигурни, но сепак лудо среќни. Имате многу пр...
4
Намалете ги утринските мачнини со...
Утринските мачнини претставуваат проблем кај повеќето трудници. Додека едни чекаат да им помине нагонот за повраќање сам...
3
Правилна исхрана во 2-то тромесечје од бре...
Вториот триместар од бременоста е обележан со зголемување на енергијата. Апетитот расте и утринските мачнини се смируваа...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?