|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Спиеме 7 души во ист кревет и јадеме корки леб!

Редакција Рингераја, 15.4.2015
Седумчленото семејство Кочоски во нехумани услови за живот престојува во куќа во населбата Драчево, која е во фаза на распаѓање и за која плаќаат 2000 денари месечно кирија од единствениот приход од надоместокот за трето дете

image
Седумчлено семејство од Драчево
/11


 

Седумчленото семејство Кочоски во нехумани услови за живот престојува во куќа во населбата Драчево, која е во фаза на распаѓање и за која плаќаат 2000 денари месечно кирија од единствениот приход од надоместокот за трето дете. Во соба од 5 квадрати, во која едвај се диши од влагата која ја има на сите ѕидови спијат, јадат и се бањаат сите седум членови на семејството. Тие барат од државата да им обезбеди социјален стан или парче земја од хумани граѓани за да изградат куќа.

Седум гладни усти спијат, јадат и се бањаат во пет квадрати. Трошна куќичка со две соби, но само во едната има кревет на кој спие целото седумчлено семејство. Куќата е со влага, купатило нема, а од ден на ден ѕидовите и таванот се повеќе попуштаат. Благе и Даниела Кочоски во скопско Драчево живеат во мизерни услови со своите пет деца, а единствени месечни примања им се 8.300 денари, кои ги примаат како издаток за трето дете. Нивните најголеми стравови се дали ќе го дочекаат наредното утро, бидејќи куќата за која плаќаат 2000 денари кирија е во фаза на распаѓање.

Сите граѓани кои сакаат и се во можност да донираат за семејството можат да не контактираат на бројот 3 219 650 - редакција Вечер. Семејството Кочоски има потреба од храна и хигиенски средства, но не и облека.

Екипа на Вечер го посети семејството Кочоски, во малата ладна соба, во која тешко се дишеше од влага. Не пречека целото семејстовото со полни очи надеж дека нешто може да се промени на подобро после нашата посета. Дечињата збунето не гледаа, веројатно не беа навикнати во нивната соба да имаат гости, а најмалиот Теодор кој имаше само 5 месеци беше среќен што гледа повеќе лица.

Кочоски велат дека нивниот најголем проблем е нерешеното станбено прашање, се плашат за животите на своите деца, бидејќи старата куќа почнала да ги покажува своите слабости. Тие неколку пати аплицирале за социјален стан, но досега не добиле позитивен одговор.

Куќата е стара, пред некој ден еден од ѕидовите се сруши, а и сами видете колку е спуштен плафонот. Бараме да ни помогне државата да добиеме социјален стан или пак некој да ни даде парче земја и полека да изградиме куќа. Измамен сум со 5.000 евра, од луѓе кои ми ветија дека доколку им ги дадам тие пари ќе ми дадат социјален стан во Кисела Вода. Ми ги земаа парите и никогаш повеќе не се појавија. Судски се тужам со нив, пресудено е во моја полза, но ништо нема од парите, со болка во очите раскажува, Благе.

Единствениот месечен приход што го добиваат семејството Кочоски се парите за трето дете, а од тие пари одвојуваат 2000 денари за кирија и сметки.

Месечни примања имаме 8.300 денари, пари кои ги примаме за трето дете. Со нив плаќаме кирија, плус сметки за струја и вода. Во една соба спиеме, јадеме, се бањаме и тука децата учат за во школо. Шпоретот за дрва ретко гори, немаме дрва, а кога ќе собереме гранки, ги палиме за да се затоплиме малку. Ги облекуваме децата со повеќе блузи за да не им биде ладно, но и цврсти деца е, ретко се разболуваат, раскажува Благе.

Низ солзи вели дека душата му знае како се снаоѓаат за јадење и памперс за најмалиот член во семејството.

Деца како деца, бараат за јадење, Стефанија, Јована и Теодор се мали и не ја разбираат ситуацијата. Столе и Дијана се малку поголеми и тие разбираат дека немаме, скромни се, не бараат ништо, освен да имаме нормален дом. Одат на училиште, Столе е многу добар ученик, многу учи. Многу сум среќен што учи, но многу ми е тешко што нема услови. Леб и сол јадам, а некогаш и по три дена не јадам, само овие деца да имаат што да јадат, низ солзи вели таткото.

И мајката Даниела со солзи вели сите се бањаат во корито во собата, а децата најчесто за оброк имаат супа со леб, за сладолед не слушнале, а торта за роденден не виделе.

Најчесто им готвам супа со леб, некогаш и компири, тоа што е најевтино. За да има децата што да јадат, со сопругот јадеме леб и сол, леб и кромид. Месо им правам првиот ден кога ќе го земам надоместокот, а дали тоа им е доволно не знам. Не ни знаат што е сладолед, торта никогаш не виделе за роденден. Децата мои не се радуваат на играчки, повеќе се радуваат на јадење. Ги бањам во собава во корито, а кога можеме и ние со сопругот се бањаме во собава, со плачење раскажа Даниела.

Кочоски велат дека уште има хумани луѓе, па добиваат понекогаш храна и облека. Сепак, најголемата желба на оваа седумчлено семејство е да добијат свој дом каде што нивните деца би имале нормални услови за живот, затоа бараат помош од државата.

Во страв да не се сруши куќата, газдата бара да заминат. Додека бевме во посета на семејството Кочовски дојде и сопственикот на куќата. Тој вели дека сака што поскоро тие да си заминат од куќата, бидејќи и тој се плаши да не се сруши старата куќа.

Жал ми е за нив, но мора што поскоро да си заминат оттука. Куќата е многу стара и се плашам да не се случи нешто лошо. Должат неколку кирии и сметки за струја, но не им ги барам парите, нивната ситуација е многу тешка, но за доброто на сите најдобро е да се преселат во некоја друга куќа пред да се случи некоја трагедија, вели Александар.

 

Сања Трпевска

фото: Ѕ. Плавески

 

Извор: Вечер

 

РЕДАКЦИЈАТА НА РИНГЕРАЈА.МК ВЕ ЗАМОЛУВА ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ОВАА ВЕСТ.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ГРИЖАТА!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новогодишни пакет изненадувања - трет доби...
Monika е третиот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3
Кој е најфорумџија на Рингераја изминатиов...
Кој наш член имаше најмногу постови на форумите на Рингераја.мк?
3
Група: Хуманитарна помош за настраданите
Ве известуваме дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za ...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?