namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Во близина на метро станицата се движи женска личност. Косата и е хаотична и валкана, а погледот тажен. Жената седнува на земјата, а до неа има торба. Во торбата луѓето оставаат пари. Во рацете на жената спие бебе на возраст од 1-2 години.
Поминував покрај жената која просеше. Не дадов никакви пари, бидејќи верувам дека тоа е банда. Парите нема да ги добие таа жена, туку оној кој ја испратил тука. Тие луѓе поседуваат бројни лускузни недвижности и автомобили. И просјакот понекогаш добива нешто, но тоа е само шише алкохол или сендвич во вечерните часови.
Секогаш кога минувам покрај жената, забележувам дека бебето спие. Тоа никогаш не плаче или вика, секогаш спие, со лицето завртено кон коленото на жената, која најверојатно е негова мајка.
Дали некој од вас има деца? Сетете се колку често тие спијат на возраст од 1,2 или 3 години? Час до два, попладневна дремка, а потоа се движат. За месец дена додека ја гледав оваа жена, бебето секогаш спиеше во нејзините раце, никогаш не беше будно.
Ја прашав: Како може бебето да спие цело време?
Таа се правеше дека не ме слуша. Ги спушти очите надолу, криејќи го лицето. Го повторив прашањето. Жената го крена погледот, но не ми одговори ништо.
Некој ја стави раката на моето рамо. Тоа беше старец кој ме гледаше со неодобрување. Што сакате од неа? Зарем не гледате колку е напатена? - ме праша.
Старецот изброи неколку парички и ги стави во торбата на жената.
Следниот ден се јавив на мојот пријател. Тој е интересен човек од ромска националност, кој успеа да заврши само три и половина години образование, но тоа не го спречи да се движи по градските улици во скапи странски автомобили и да живее во куќа со многу прозорци и тераси. Од него успеав да дознаам дека оваа работа и покрај привидната спонтаност е многу организирана. Просењето е организирано од страна на криминална банда. Децата се користат во „закуп“ на семејството на алкохоличари или едноставно се украдени.
Потребно ми беше да добијам одговор на прашањето зошто бебето спие.
Мојот пријател зборуваше со смирен глас, кој ме остави во шок. „Тие обично се на хероин или вотка“.
Бев вчудоневидена : „ Кој е на хероин или вотка“? Тој одговори: Детето, така нема да вреска.
За да спијат бебињата цел ден, потребно е да им се даде хероин или алкохол. Секако, органите на децата не можат да се носат со ваквиот шок и тие најчесто умираат. Најстрашно, децата умираат во текот на работниот ден. И имагинарната мајка мора да го држи мртвото дете во рацете сe до вечерта. Тоа се правилата. А, минувачите оставаат пари во нејзината торба, верувајќи дека и помагаат на мајката.
Следниот ден отидов на истото место кај жената. Криејќи се позади лажниот новинарски идентитет, без подготвена за сериозен разговор. Но, тоа не ми успеа.
Жената седеше на подот , држејќи го детето. Кога и поставив прашање за документите за детето, таа ме игнорираше. Но, моите прашања не беа игнорирани од страна на минувачите. Тие ми велеа дека не сум при себе, дека „ се дерам“ на мајката.
Кога на улица ќе видите ваква жена со дете, размислете пред да и дадете пари. Без вашата милостина, овој бизнис би исчезнал. Ваквите бизниси треба да умираат, а не децата кои се користат за овие цели. Не гледајте на спиењето на детето со љубов. Погледнете го хоророт.
Споделете ја оваа вест.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...