Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/21
Приказната за детските отпечатоци, овековечени на слика е темата според која се водевме, додека ја осмислувавме хуманитарната изложба, која оваа година ке се одржи по четврти пат.
Се потекна од една песничка.
Во неа се раскажува за едно мало детенце, кое постојано остава отпечатоци по мебелот и ѕидовите (како и сите деца). Еден ден, детето се враќа од училиште и носи рачно изработена честитка. Таа е подарок за неговиот татко. На предната страна стои нацртан отпечаток од неговата мала рака. Внатре пак, пишува дека еден ден детето ќе порасне и сите мали отпечатоци од мебелот и ѕидовите ќе избледат. Но, ќе остане честитката, за да ги потсетува неговите родители, како точно изгледале неговите прсти, кога тоа било многу мало.
Тоа е поентата и на нашата изложба на отпечатоци.
Ова лето, децата учесници на кампот Котиледонија 2011 го сопреа мигот. Ги овековечија отпечатоците од своите раце. На слики од платно...со маслени бои...во хумани цели.
Уметничките слики, ќе бидат дел од големиот хуманитарен хепенинг кој ќе се одржи во чест на празникот на Дедо Мраз, Св. Никола. Настанот е во организација на Котиледон продукција и Здружението на граѓани со хуманитарна цел, дел за малите – Децимали.
Просторот околу преубавата елка во Веро Центар, е местото каде ќе бидат изложени сликите со отпечатоци. Тука ќе се дружиме два дена 17 и 18.12.2011 од 10.00 до 20.00 часот.
Домаќини сме ние- екипата на Котиледон, заедно со Ивце Пивце и сите деца учесници на нашиот камп, Котиледонија, кој оваа година се одржа по четврти пат.
Очекуваме многу гости, големи и мали кои со купувањето на нашите слики, несебично ќе ги „полнат“ кутиите за донација наменета за децата од СОС Детско село.
П.С. Зошто ги одбравме децата од СОС Детско село?
Бидејќи единствено тие, немаат на кого да му ги „остават“ своите отпечатоци.
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за зајакнување на детскиот имунитет
Имунитетот кај децата е систем кој постојано се развива, особено во пр...
Кога да се грижите ако детето користи агресивен говор?
Агресивниот говор кај децата како викање, навредување или користење гр...
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
Кукањето, плачењето и викањето се нормален дел од детскиот развој, осо...
Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?