Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Поради едноличната зимска исхрана организмот не добива доволно витамини и минерали и други потребни и корисни нутритиенти. Поради едноличната исхрана во текот на зимата организмот не добива доволно витамин Ц, поради што е намалено искористувањето на кислородот во клетките и ткивата, а тоа доведува до намалување на имунитетот и до полесно заболување. Да, всушност станува збор за слабокрвност или анемија. Жените се повеќе склони кој анемијата отколку мажите, и тоа на возраст од 16 до 44 години, бидејќи редовно губат крв за време на менструалниот период, но и поради неправилната исхрана и модерните диети. Анемијата е една од најчестите компликации при бременоста и доењето и таа предизвикува јак замор.
Анемичните лица се бледи, во поголем број на случаи имаат мазен и црвен јазик, промени на ноктите, кои се кршливи и вдлабнати. Може да се јави и чувство на недостаток на воздух и гушење. Може да се јави печење на јазикот, па дури и анорексија.
Каде го губиме железото?
Постојат многу причини за развој на анемија, но најчеста причина е недостатокот на железо во крвта, кој е неопходен за стварањето на хемоглобинот. Иако за стварањето на црвените крвни зрнца се потребни и други состојки – витамин Б12 и Ц, како и фолна киселина, сепак железото е најважно.
Со храна против слабокрвноста
Телото само не создава железо, туку го извлекува од своите резерви: Црвените крвни зрнца умираат после приближно 120 дена од настанувањето, а железотот од нив се враќа во коскената срцевина, од каде повторно се црпи и користи за произведување на нови крвни зрнца. Ако во телото нема доволно железо, резервите постепено се исцрпуваат, а како резултат на тоа доаѓа до недоволно создавање на црвени крвни зрнца. Така се јавува анемија.
Кај жените најчеста причина за губиток на железо од организмот се менструациите. Долготрајните крварења од носот, крварењата од хемороидите или од чирот на желудникот, исто така, предизвикуваат анемија. Тука се и другите ризици: губиток на крв при породување, губиток на крв како последица на некои заболувања на тенкото црево (Chron- ова болест). Овие состојби може да ја ограничат способноста на организмот да го впие потребното железо и така предизвикуваат анемија.
Истражувањата покажуваат дека возрасната жена во просек добива дневно 10,5 mg железо од храната, што е значително под дневните потреби за железо, кои изнесуваат 14,8 mg. Околу 90 % жени добро функционираат со 14,8 mg железо дневно, но на оние преостанати 10% можеби им требаат поголеми количини на железо дневно, посебно во текот на зголемените менструални крварења.
Како со храна против анемијата?
Ако Вашата анемија е резултат на лоша исхрана, мора да јадете повеќе храна богата со железо. Главни природни извори на железо во храната се: алгите спирулина и хлорела, потоа следат тимијан, црн дроб, говедско месо, говедски црн дроб, пченични р'кулци, грав, леќа, темнозелен лиснат зеленчук, суво овошје (на пример суви сливи), некои јатчести плодови, соја, просо. Истовремено треба со храната да се внесува и многу витамин Ц (овошје и зеленчук), бидејќи витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото во организмот. Така телото ќе може оптимално да ги искористи сите корисни материи кои сме ги консумирале со храната.
Кафето, чајот, какаото, кока-колата и другите напитоци кои содржат кофеин, теобромин и танин треба да се пијат 1-2 часа пред оброкот, бидејќи тие ја отежнуваат апсорпцијата на железото.
Дури тогаш кога нема да можете да осигурате доволна количина на биололошки полновредни намирници, посегнете по препаратите на железо. Секогаш прво консултирајте се со вашиот лекар, пред да почнете да земате било какви препарати на железо. Доколку Вашиот лекар ви препорача препарати на железо, тие треба да се земаат пред оброк како би се овозможила подобра апсорпција на железото. По воспоставувањето на нормалните вредности на хемоглобинот, земајте уште 1-3 месеци препарати на железо, како би се наполниле резервите во организмот. Сепак, и за тоа колку долго ќе ги земате овие суплементи на железо, одлучува лекарот, а не Вие.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?